Стефан Трајковски

Стефан Павлев Трајковски (17 октомври 1923 во Скопје1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Стефан Трајковски
Роден 17 октомври, 1923 година
Скопје, Кралство СХС
Починал октомври, 1944 година
Скопје, германска воена управа

Животопис

уреди

Израснал во сиромашно семејство. Завршил само основното училиште, а подоцна работел во приватен градинарски дуќан. Од 1942 година, бил мобилизиран во окупаторската бугарска фашистичка војска, каде останал до 1944 година. На 7 септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против непријателот. Станал интендант на третиот баталјон во бригадата, со кој на 2 октомври 1944 година добил задача да изврши напад на железничката станица во Драчево, што била упориште на германските единици. Нападот бил извршен успешно и неговиот баталјон запленил големо количество на оружје. Пред да се повлечат, пристигнало германско засилување со транспортен воз. Во ново-започнатата битка бил тешко ранет и пренесен на лекување во партизанска болница, каде подлегнал на здобиените рани. По ослободувањето на Скопје неговите посмртни останки биле пренесени и погребани на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 275. На |first= му недостасува |last= (help)