Стефан Маневски
Стефан Маневски (25 декември 1934, Скопје – 12 август 1997, Скопје, Македонија) — македонски вајар и професор [1].
Стефан Маневски | ||
Роден | 25 декември 1934 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 12 август 1997 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | вајар, професор |
Животопис
уредиДипломирал (1960) и магистрирал (1963) на Академијата за ликовни уметности во Белград. Ретроспективна изложба имал во Скопје (МСУ, 1999). Маневски е еден од доајените на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Творештво
уредиНеговите почетоци (1963/64) биле врзани за инвентивната серија енформелни цртежи, додека вајарните реализации од 1966 г. се конципирани со метални фрагменти (Миг на времето, 1966). Подоцна скулптурите ги сведува на објекти со оптички ефекти и со разбрануванаобоена површина (Светлосен информатор 2, 1983). Во Музеј на современа уметност Скопје ,постои богата и значајна колекција на негови дела:
- „Јужна ѕвезда“, 1965,
- „Миг на времето“, 1966
- „Композиција“, 1966
- „Неисправен механизам“, 1966/1967
- „Морбидно јадро“, 1966/1967
- „ Цртеж“, 1963
- „Градот што догорува“, 1964
- „Без наслов“, 1968
- „Крилеста скулптура“, 1968
- „Јадро што зрачи“, 1968
- „Скулптура“ 1, 1970
- „Скулптура“ 2, 1970
- „Скулптура“ 7, 1973
- „Скулптура 12, 1972/1973
- „Без наслов“, 1978
- „Скулптура“ 10-2, 1977
- „Скулптура“ 10-1, 1978
- „Светлосен информатор“ 2, 1983[2].
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Стефан Маневски Архивирано на 29 ноември 2021 г.
- Stefan Manevski