Стефан Бобев
Стефан Миланов Бобев, попознат како Стефан Бобев (Велес, 1911 — Велес, 8 ноември 1944) — македонски партизан и комунист. Учесник во народната ослободителна борба во велешкиот реон. Член во Комунистичката партија на Југославија и Сојуз на комунистите на Македонија. Помошник на велешкиот одред „Димитар Влахов“. Загинал во 8 ноември при ослободувањето на Велес.[1] По негова чест неколкумина улици во градот Велес го носат неговото име.[2]
Стефан Бобев | |
---|---|
Стефан Бобев во воена униформа | |
Роден(а) | 1911 Велес, Косовски Вилает, Отоманско Царство |
Починал(а) | 8 ноември, 1944 (33 г.) Велес, германска воена управа |
Причина за смрт | Стрелан од страна на германски и бугарски фашистички војници |
Почивалиште | Велешката костурница |
Животопис
уредиБобев е роден во велешко сиромашно работничко семејство. Завршил основно школско образование во неговиот роден град. После образованието работел како наемен физички работник и како ќумурџија. Помеѓу 1937 и 1938 година го отслужил неговиот воен рок во Југославската армија.[3] Во 1937 година го прифатил комунизмот и социјализмот и станал активист во градот. Се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и станал активен член во велешкиот реон.[1]
Во 16 јануари 1939 година учествувал во монополскиот штрајк и протест против Југославската власт. За време на протестот во монополот биле присутни истакнатите велешки фотографери Љубе Манушев и Дамаскин Манушев. Двајцата Манушеви ги сликнале учесниците во протестот. Еден од сликите произведено од Љубе Манушев била позната под насловот „Сакаме Леб“. Во сликата е присутен и Бобев.[4][3]
Учество во НОБ
уредиСо априлската војна и подпаѓањето на неговиот роден град под суровата бугарска фашистичка окупација Бобев одлучил да стане активен учесник во НОБ. Помеѓу 1941 и 1942 година помогнал со собирајќи оружја и материјали за денот на востанието. Во текот на 1942 година патувал во различни села и градови околу велешкиот реон и почнал да соработува со велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Бобев не се приклучил во одредот но им помогнал со материјали.[3]
Неговата активност со одредот продолжува и помеѓу 1943 и 1944 година. Бобев приклучил различни млади партизани од градот во одредот и во други партизански одреди. Бобев им помогнал на различни партизани и комунисти да се скријат од фашистичката окупација и им помогнал со храна и оружја. Бобев никогаш не учествувал во битките но сепак сакал да им помогне. Во 8 ноември 1944 година за време на ослободувањето на градот Велес, Бобев се приклучил за првпат во борбите но заради неговото невоено искуство трагично загинал неколку часа пред ослободувањето на градот. После неговата смрт бил погребан во велешката спомен костурница.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Стефан Миланов Бобев (2009) од Македонската енциклопедија
- ↑ Сител (22 март 2017). „Чадиев: Во Велес реализирани повеќе комунални и инфраструктурни проекти“. Сител.мк.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 112–113.
- ↑ Полн кадар - Живот со фотографии, Љубе Манушев (1986)