Стерјо Стерјовски

Стерјо Стерјовски познат како Стерио или Стерко[1] ( 1876, Смрдеш, Костурско - 1905, Преспанско) — македонски револуционер, костурски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[2][3]

Стерјо Стерјовски
Роден 1876
Смрдеш, Костурско, Егејска Македонија
Починал 1905
Преспанско

Животопис

уреди

Стерјовски е роден во влашко семејство[4] во 1876 година во костурското село Смрдеш, Егејска Македонија. Завршил трет клас и во 1902 година станал четник во Македонија.

За време на Илинденското востание бил реонски војвода во Костурскиот крај. На 31 март заедно со својата чета и четата на Васил Чекаларов учествувал во битка со турски аскер на врвот Локвата, во која Стерјовски бил тешко ранет. На 29 август 1903 година исто така со Чекаларов, дале голем отпор кај костурското село Апоскеп.[5] Стерјовски загинал во битка со андарти во Преспаско во мај 1905 година.[6] Во истата битка учествувале и Христо Цветков, Никола Кузинчев, Пандо Кљашев, Атанас Кршаков и Митре Влаот.

Наводи

уреди
  1. Чолов, П., Българските въоръжени чети и отряди през XIX век, София, 2003, Академично издателлство „Марин Дринов“, ISBN 954-430922-5, стр. 344
  2. Кратка биография на Стерьо Стерьовски
  3. Албум-алманах „Македония“, София, 1931, стр. 789
  4. Minov, Nikola. The Aromanians and IMRO, в: Macedonian historical review, vol.2, 2011, стр. 186.
  5. Билярски, Цочо и Бурилкова, Ива, „Васил Чекаларов, Дневник 1901-1903 г.“, ИК „Синева” София, 2001, стр. 8-9]
  6. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 155 - 156.