Стерлитамак
Стерлитамак (башкирски: Стәрлетамаҡ, руски: Стерлитамак – град во Башкортостан, република на Руската Федерација. Со население од 277.048 жители во 2014 година, тој е вториот по големина град во Башкортостан.
Стерлитамак Стерлитамак | |||
---|---|---|---|
Други транскр. | |||
• башкирски | Стәрлетамаҡ | ||
Поглед на Стерлитамак | |||
Местоположба на Стерлитамак
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
| |||
Држава | Русија | ||
Федерален субјект | Башкортостан | ||
Основан во | 1766 | ||
Сегашенски статус од | 1781 | ||
Надм. вис. | 150 м | ||
Население (попис 2010)[1] | |||
• Вкупно | 273.486 | ||
• проц. од (2018)[2] | 279.626 (+2,2%) | ||
• Ранг | 66th во 2010 | ||
Час. појас | Екатеринбуршко време [3] (UTC+5) | ||
Поштенски бр.[4] | 453100 | ||
Повик. број. | +7 3473 | ||
Мреж. место | sterlitamakadm.ru |
Географија
уредиСтерлитамак е сместен на левиот брег на реката Белаја, притока на Кама. Градот се наоѓа 128 км јужно од Уфа и на 1.200 км на исток од Москва.
Историја
уредиГрадот е основан во 1766 година на брегот на Белаја, како пристаниште наменето за транспорт на товари сол. Статусот на град го добил во 1781 година.
Денес Стерлитамак е важен хемиски индустриски центар кој ги обработува локалните ресурси на гас и нафта.
Население
уредиПопис или процена на населението.
Година | Население |
---|---|
1939 | 38.800 |
1959 | 111.000 |
1970 | 184.000 |
247.457 | |
264.362 | |
2008 | 268.300 |
2009 | 269.700 |
2010 Census[1] | 273.486 |
Стопанство
уредиСтопанството на Стерлитамак го предводат повеќе хемиски претпријатија:
- Каустик, основано во 1964 година, со 7.200 вработени
- Каучук, основано во 1960 година
- Сода, 9.200 вработени
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
- ↑ „26. Численность постоянного населения Российской Федерации по муниципальным образованиям на 1 января 2018 года“. Федерална служба за државна статистика. Посетено на 23 јануари 2019.
- ↑ „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
- ↑ Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)