Стевче Спасовски
Стевче Кузманов Спасовски ( 1928 во Клечевце, Кумановско — 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнува од изразито сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, но поради тешкиот живот во родното село, со семејството се доселил во Страцин. Таму се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Под влијание на прогресивните луѓе од Куманово, станал симпатизер на народноослободителното движење. Во јули 1944 rодина стапил во Треттата македонска ударна бригада. Во бригадата бил еден од најмладите борци. Тоа не му пречело набргу да се здобие со борбено искуство и да стане примерен борец. Се истакнал во борбите на теренот околу Велес. Преоблечен во цивилна облека успеал да се доближи до една куќа во која се наоѓале германски војници, да фрли рачна бомба и да ги убие сите шестмина фашисти. Во таа акција заробил поголемо количество воен материјал и придонел да бидат запленети два автомобила. Поради ваквата храброст, бил одликуван и поставен за заменик на политичкиот комесар на првата чета. Борбениот пат на овој истакнат борец храбро завршил во борбата против балистите и Германците на реката Треска, кога неговата чета се пробивала како претходница во оваа битка.[1]