Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение.[1] Во македонската литература брзозборки пишувале Васил Куноски, Рајко Јовчевски, Киро Донев и др.

Примери

уреди
 
Германска брзозборка на поштенска картичка
  • Бел петел бела пепел прета.
  • Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња.
  • Едно дрво јаворово преку поле Лазорово.
  • Лош кантар црн катран мереше.
  • Во дол бол има вол.
  • Дрзок дрвар в дрма дрва врзал.
  • Ситна роса ситно трева росеше
  • Страчка каша варила од јачмен и просо, а пак ќосот во ќошот си го чепкал носот.
  • Петре плети плот, да помине поп, да растуре плот, да ни дојде гос.
  • Кантар тргат катран.

Поврзано

уреди

Алитерација

Наводи

уреди
  1. Македонски јазик - Димитар Пандев, Милка Миноска, Стојка Даскаловска