Стајковце

историско село во Тетовско

Стајковце — историско село на територијата на Општина Желино. Местото се наоѓа во источниот крај на атарот на с. Требош, во месноста денес наречена Стојковци[2].

Стајковце
Стајковце во рамките на Македонија
Стајковце
Местоположба на Стајковце во Македонија
Стајковце на карта

Карта

Координати 42°00′56″N 21°02′52″E / 42.01556° СГШ; 21.04778° ИГД / 42.01556; 21.04778
Регион  Полошки
Општина  Желино
Област Долни Полог
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 416 м

Географија

уреди

Селото се наоѓало во областа Долни Полог, североисточно од Требош и југозападно од Жилче. Во минатото недалеку од селото течела Поројска Река, која пресушува во дел од годината.[3]

Историја

уреди

Преданието на селото од околните мештани му било пренесено на истражувачот Јован Трифуноски во 1947 г. Познато е дека Стајковце постои уште од средниот век.[3] Се споменува во турските документи од крајот на XV и од XVI век, како даночен обврзник за повремена работа на една воденица, што се совпаѓа со претпоставката за близината на Поројска Река.

Во османлиските документи од 1452/53 г. Стајковце е заведено како место со 8 семејства и 1 неженет. Исто толку имало и во пописот на Иса-бег Исаковиќ од 1455 г. Според дефтерот за 1467/68 г. селото имало 12 семејства, кои во 1568/69 г. се намалиле на 6 семејства.[3]

Се претпоставува дека Стајковце е раселено некаде на почетокот или во текот на XIX век.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Стојковци — GeoNames
  3. 3,0 3,1 3,2 Петрушевски, Илија (2009). Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог. Тетово: Здружение „Лешок“. стр. 48-49. ISBN 978-9989-2507-3-6.