Статички манастир
манастир во Статица, Костурско
Статички манастир „Св. Илија“ — манастир во селото Статица, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.[1]
Статички манастир | |
---|---|
Свети Илија | |
Μονή Προφήτη Ηλία Μελά | |
Икона на Свети Илија, 1882 г. | |
40°42′15″N 21°15′34″E / 40.70417° СГШ; 21.25944° ИГД | |
Место | Статица, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1840 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Корештанско |
Епархија | Костурска |
Манастирот е сместен на рид на неколку стотини метри од Статица. На крајот на XVIII век мештаните изградиле мала еднокорабна базилика посветена на Свети Илија. Црквата од напред има ниска камбанарија. Иконостасот е прост, а големите икони се од XIX век. Царските двери се разбани.[2]
Околу 1840 г. овде дошле монаси и изградиле конаци, кои постојат и денес. Манастирот се користел како прибежиште за населението за време на грчката вооружена пропаганда на почетокот на XX век.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
- ↑ „Το μοναστήρι του Προφήτη Ηλία στον Μελά Καστοριάς. Πανηγυρίζει την 20η Ιουλίου“. Φως της Καστοριάς. 19 јули 2011. Посетено на 17 јули 2015.