Станислав Игнаци Виткевич
Станислав Игнаци Виткевич (полски: Stanisław Ignacy Witkiewicz; 24 февруари 1885 во Варшава – 18 септември 1939 во Велики Езера (денес село во Украина)) — полски писател, сликар, филозоф, теорист, драматург, романописец и фотограф.
Станислав Игнаци Виткевич | |
---|---|
Роден/а | 24 февруари 1885 Варшава, Конгресна Полска |
Починат/а | 18 септември 1939 Језјори, Полска | (возр. 54)
Псевдоним | Виткаци |
Занимање | писател, сликар, драматург, филозоф, фотограф |
Апсолвент на | Краковска академија за уметност |
Сопруг/а | Јагвида Унруг, в. 1923 |
Партнер | Јадвига Јанчевска |
Роднини | татко: Станислав Виткевич |
Животопис
уредиТој бил син на уметник, писател и критичар на уметноста. Се здобил со домашно образование во Закопане и растел меѓу уметници и писатели. Од детство се дружел со Карол Шимански и Бронислав Малиноски. Учествувал во Првата светска војна како руски поданик и бил во Санкт Петербург за време на Октомвриската револуција. Во 1930-те години експериментирал со различни наркотици, конкретно конзумирал пејот и тоа може да се забележи во неговото творештво и живописи. После нападот на нацистите врз Полска, Виткевич се самоубил на 18 септември 1939 година.
Творештво
уредиУметничкото творештво на Виткаци, тешко е да се класифицира, но е најблиску до експресионизмот и често го приближуваат до надреализмот. Многу често неговото творештво е блиско до тоа на Кафка, само без јавен песимизам. Можеме да го сметаме Виткевич како предвесник на театар на апсурдот. Неговите дела се разликуваат не само по чудност и изостреност, но и стремеж да се изразат новите реалности, да се изразат новите чекори кон науката и техниката и учеството на човекот во нив.
Патување и престој во Русија
уредиГодините по студиите во Краков, Станислав Игнаци годините ги поминал во Закопане, сликајќи и пишувајќи. Често патувал во Ловран во Хрватска, каде што поради болест, неговиот татко починал. На 21 февруари 1914 година, Јадвига Јанчевска, вереничката на Виткевич извршила самоубиство.
-
Станислав Игнаци Виткевич -„Портрет на Јадвига Јанчевска“, масло на платно, Закопане
1913 година -
Станислав Игнаци Виткевич - „Црното езеро“, масло на платно,
1907 -
Станислав Игнаци Виткевич -„Зимски пејзаж кај Закопане“, масло на платно,
1930 година -
Станислав Игнаци Виткевич - „Портрет на момче“, масло на платно
1934 година -
Станислав Игнаци Виткевич - „Автопортрет“, масло на платно
1938 година