Стаклено срце (филм од 1976)
Стаклено срце (германски: Herz aus Glas) - германски филм од 1976 година, во режија на Вернер Херцог. Во главните улоги настапуваат: Јозеф Бирбихлер, Штефан Гитлер, Фолкер Прехтел, Соња Скиба и Клеменс Шајц.
Синопсис
уредиЕдно мало село е познато по производството на стакло со боја на рубин. Кога умира главниот мајстор, сопственикот на работилницата (го игра Гитлер) настојува по секоја цена да ја открие тајната за правење на рубиновото стакло.[1] Најпосле, тој го пронаоѓа рецептот кој умрениот мајстор го скрил внатре во креветот. Меѓутоа, овчарот Хијас (го игра Бирбихлер), кого селаните го сметаат за пророк, предвидува дека ќе се случат лоши настани. И навистина, опседнатиот сопственик на стакларската работилница ја убива својата слугинка Лудмила (ја игра Скиба), а потоа подметнува пожар во работилницата. Заедно со него е затворен и Хијас, но тој успева да побегне и заминува во планината. Филмот завршува така што неколку луѓе, кои живеат на пуст, карпест остров, заминуваат со чамец да го пронајдат крајот на светот.