Стадион Динамо Минск

мултифункционален стадион во Белорусија

Стадион Динамо (белоруски: Стадыён Дынама) — повеќенаменски стадион кој се наоѓа во Минск, Белорусија. Во моментот е во процес на големи реновирања. Претежно се користи за фудбалски натпревари и своите домашни натпревари на овој стадион, пред да биде започната реконструкцијата, ги играле екипите на Динамо Минск, ФК Минск и Фудбалската репрезентација на Белорусија. Стадионот официјално има 40.000 седишта, но горниот дел од горната трибина не се користи уште од средината на 1990-тите години, од безбедносни причини, па поради тоа сместивоста пред реновирање изнесувала 34.000 гледачи.[1]

Стадион „Динамо“
Место Минск, Белорусија
Отворен 1934
Реновиран 1939, 1947-1954, 1978-1980, 2012-
Сопственик
Подлога Трева
Игра Динамо Минск (1934-2008)
Минск (2009-2012)
фудбалска репрезентација на Белорусија (1992-2012 )
Гледачи 34.000

Историја

уреди

Стадионот на Динамо Минск бил изграден и отворен во 1934 година и бил проширен во 1939 година, но истиот бил разрушен за време на Втората светска војна, и повторно изграден во текот на периодот од 1947-1954 година. Објектот бил дополнително бил реновиран во периодот на 1978-1980 година, во подготовка за Летните олимписки игри од 1980 година.[2] Во октомври 2012 година стадионот бил затворен поради големата реконструкција, и требало неговата обнова да трае до 2014 година, како фудбалски специфичнен стадион.[3]

Домашна употреба

уреди

Во советскиот период своите домашни натпревари на овој стадион ги играле екипата на Динамо Минск, која екипа продолжила да го користи стадионот до 2008 година. Од 2009 година Динамо Минск, се преселил во помалиот Стадион Динамо Јуни, додека Динамо стадионот станал примарен дом за ФК Минск. Стадионот е исто така традиционално место каде се одржува финалниот натпревар на Белорускиот куп во фудбал, што се одржува тука речиси секоја година во периодот помеѓу 1992 и 2012 година, со исклучок на 2002 и 2011 година.

Меѓународна употреба

уреди

Стадионот бил еден од местата на фудбалскиот турнир на 1980 Летниte олимписки игри. Тој бил домаќин на 6 натпревари во групната фаза и еден во четвртфиналето.[4] Тој исто така бил еден од стадионите на кој се одржале натпревари во рамките на Европското првенство во фудбал под 18 години во 1984 година и Светското младинско првенство во 1985 година, кое се одржувало во Советскиот Сојуз.[5] Од 1992 година стадионот е место каде своите домашни натпревари ги игра фудбалската репрезентација на Белорусија.

Со текот на годините стадионот започнал да се користи од страна на неколку белоруски клубови во европските купови, во случај кога сопствените стадиони на клубовите не ги исполнуваат критериумите на УЕФА. Во последниве години се користи како место каде своите домашни натпревари ги игра БАТЕ Борисов во Лигата на Шампионите и Лига Европа, вклучувајќи ја групната фаза од двата натпревари во Лигата на шампионите квалификациите и Лига Европа нокаут фазата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Stadium profile at pressball.by
  2. „History of Dinamo Stadium“. Архивирано од изворникот на 2017-07-02. Посетено на 2017-02-24.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-14. Посетено на 2017-02-24.
  4. „1980 Summer Olympics Technical Study“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-12. Посетено на 2017-02-24.
  5. „Dinamo Stadium history“. Архивирано од изворникот на 2013-02-25. Посетено на 2017-02-24.

Надворешни врски

уреди