Среќко Петрушевски - Пужаљка
Среќко Д. Петрушевски - Пужаљка ( 1912 Куманово ― 14 јули 1942[1] во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]
Среќко Петрушевски - Пужаљка | ||
Роден | 1912 година Куманово, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 14 јули, 1942 година Скопје, Македонија Обесен од Бугарските окупатори |
Животопис
уредиПотекнува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во својот град. Подоцна изучил чевларски занает, а работел во мелниците во Куманово и Скопје, а некое време бил и монополски работник во Куманово. Активно работел во друштвото „Абрашевиќ“, во чии секции свирел на прим и други инструменти. Бил на чело на 27-мартовските демонстрации, што биле организирани против фашистичката оска Рим — Берлин — Токио. Уште тогаш се истакнувал со особена револуционерност.[2] На 12 октомври, 1941 година стапил во Кумановскиот одред. По растурањето на одредот се приклучил на Првиот скопски партизански одред,[1] а по неговото расформирање се засолнал во својата куќа, до која живеел еден полициски агент. Пред да го фатат се засолнил кај сестра си во Прешево. Но и таму бел откриен. Барал врска повторно да замине во Партизанскиот одред. Не можејќи да се поврзе со партизаните во Македонија, заминал за Србија и се приклучил кон српските партизански одреди. Бил заробен и вратен во Куманово, каде на судскиот процес бил осуден на смрт. Погубувањето било извршено во Скопје на 14 јули1942 година од страна на Бугарските воени окупатори.[2]
Неколку улици во нашата држава го носат токму неговото име.[3] Во литературата се сретнува и како Среќко Петровски - Пужаљка.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 253. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 113. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Улица Среќко Пужалка, 150 - Скопје“. wikimapia.org.