Централна Грција

(Пренасочено од Средна Грција)

Централна Грција или Средна Грција (грчки: Στερεά Ελλάδα) — една од тринаесетте периферии на Грција. Таа е поделена на префектурите Евбеја, Евританија, Фокис, Фтиотис и Беотија. Централна Грција е централниот регион на Грција, на север од Атика и Пелопонез и на исток од Западна Грција и на југ од Тесалија и Епир. Регионот е еден од најпланинските во Грција. Климата на Централна Грција е умерена вдолж брегот и сува во внатрешноста.

Централна Грција
Περιφέρεια Στερεάς Ελλάδας
Областа Централна Грција во Грција
 
Главен град Ламија
Окрузи Беотија
Евбеја
Евританија
Фокис
Фтиотис
Население 614.614 (2005)
Површина 15.549 км²
Густина 40 жит/км²
Податоци...
Портал www.stereaellada.gr

Градови во секоја префектура: (Префектурите се со задебелени букви)

Евбеја: (грчки: Εύβοια)

  • Халкида (главен град)
  • Агиос Лукас
  • Еретрија
  • Алеври
  • Лимни
  • Истиеја
  • Псакна

Евританија: (грчки: Ευρυτανία)

  • Крпеница, грч. Карпениси (главен град)
  • Мегало Хорио
  • Микро Хорио
  • Агиос Николаос
  • Аграфа
  • Просос

Фокида: (грчки: Φωκίδα)

  • Амфиса (главен град)
  • Полидрасо
  • Десфина
  • Евпаљо
  • Калоскопи

Фтиотида: (грчки: Φθιώτιδα)

  • Ламија (главен град)
  • Камена Вурла
  • Ипари
  • Малесина
  • Мартинос
  • Сперхијада
  • Мармара
  • Аталанди
  • Стилида

Беотија: (грчки: Βοιωτία)

  • Ливадија (главен град)
  • Теба
  • Асопија
  • Пили
  • Еликонас
  • Паралиа Авлидос (поранешно Драмеси)
  • Агиос Томас