V1500 Лебед
V1500 Лебед или Нова во Лебед 1975 — нова која се случила во 1975 година во соѕвездието Лебед. По својот сјај се издвојува како втората најсјајна нова во XX век, и е надмината по сјај само од CP Крма во 1942 година.[1]
Податоци од набљудување Епоха J2000.0 (ICRS) Рамноденица J2000.0 (ICRS) | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 21ч 11м | 36,6с
Деклинација | +48° 09′ | 02,1″
Прив. величина (V) | 1,7Max. 18Min. |
Оддалеченост | 6360 сг (1950 пс) |
Други ознаки | |
V1500 Лебед беше забележана на 29 август 1975 година, и постигнала светлосна величина од 1,7 следниот ден. Останала видлива за човековото око околу една недела, и 680 денови по максимумот ѕвездата потемнела на свелосна величина од 12,5.
Станува збор за ѕвезда од типот на AM Херкул, која се состои од секундарна ѕвезда црвено џуџе која натрупува материјал на високомагнетизирана примарна ѕвезда бело џуџе. Растојанието до V1500 Лебед било пресметано во 1977 година од страна на Мекдоналдовата опсерваторија и изнесувало 1,95 килопарсеци (6.360 светлосни години).[2] Дополнително, V1500 Лебед била првата забележана ѕвезда, асинхрон полар. Ова значи дека вртежниот период на белото џуџе е за малку различен од орбиталниот период на двојната ѕвезда.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ "V1500 Cyg (Nova Cygni 1975)", American Association of Variable Star Observers
- ↑ Ferland, G. J. (1977). „The interstellar reddening and distance of Nova Cygni 1975 /V1500 Cygni/“. Astrophysical Journal. 215: 873. Bibcode:1977ApJ...215..873F. doi:10.1086/155424.
- ↑ Stockman, H. S.; Schmidt, Gary D.; Lamb, D. Q. (1988). „V1500 Cygni - Discovery of a magnetic nova“. The Astrophysical Journal. 332: 282. Bibcode:1988ApJ...332..282S. doi:10.1086/166652.
Дополнителна литература
уреди- Ferland GJ; Tomkin J; Woodman J (1976). „Continuum variability in Nova Cygni 1975“. Nature (journal). 264 (5587): 627–9. Bibcode:1976Natur.264..627F. doi:10.1038/264627a0.
Надворешни врски
уреди- „Detail for V1500 Cygni“. The International Variable Star Index. Посетено на 2008-09-09.
- „Nova Cygni 1975 (V1500 Cygni)“. The Encyclopedia of Astrobiology, Astronomy and Spaceflight. Посетено на 2005-08-12.
- „V1500 Cyg (Nova Cygni 1975)“. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 2010-08-29.