Јазично оживување

(Пренасочено од Оживеан јазик)

Јазично оживување или јазична ревитализација е процес кој се спроведува од некоја организација, општествена или културна група, влада или политичка организација за оживување или зголемување на бројот на говорници на некој одреден јазик. Најчесто јазиците чиј број на говорници опаѓа се класифицирани како загрозени, мртви или исчезнати јазици. Во такви случаи, целта на јазичното оживување е да го зачува јазикот како средство за комуникација. Иако овој процес зависи од инволвираните страни или политичката и општествена околност, најчесто целта на овој процес е да се овозможи еден јазик да стане повторно активно зборуван. Овој процес е спротивен на јазичното изумирање. Добро познати примери за јазично оживување се хебрејскиот јазик, белорускиот јазик, корнишкиот јазик, манскиот јазик, шкотскиот јазик, ирскиот јазик итн.

Теорија

уреди

Јазичното оживување или обратната јазична замена била предмет на научно изучување од социолингвистите, меѓу кои и Џошуа Фишмен. Изучувањето се обидува да одреди до кој степен јазикот бил „дислоциран“ за да може да се одреди кој е најдобриот начин со кој би се оживеал јазикот.

Во тесна врска со ова е предлогот на Гилад Цукерман. Цукерман го предложил терминот „оживеана лингвистика“, која би била посебна јазична дисциплина. Овој модел се заснова на теоријата на јазичниот контакт. Оваа нова дисциплина би се занимавала со универзалните методи и механизми кои се потребни за оживување на еден јазик.[1][2]

Модел за оживување

уреди

Моделот на Џошуа Фишмен за оживување на мртви јазици[3][4] се состои од осум чекори. Според теоријата, особено внимание треба да се обрне во раната фаза на процесот и истата треба добро да се воспостави пред да се реализираат следните фази или чекори. Осумте чекори или фази на овој модел се:

  1. учење на загрозениот јазик преку возрасните. Ова се препорачува за јазици кои се зборуваат само од возрасно население и нема млади говорници.
  2. да се создаде општествено интегрирано население со активни говорници на јазикот. Во оваа фаза најдобро е да се сконцентрира на усната форма на јазикот.
  3. во месѕа каде има значителен број на луѓе кои секојдневно го користат јазикот, тогаш, треба да се поттикне неформалната употреба на јазикот меѓу луѓе од различна возраст. Употребата на јазикот треба да се зајакне со основање на локални соседски институции каде јазикот би се користел, зачувувал и потикнувал.
  4. во места каде усниот говор на еден јазик бил достигнат кај сите возрасни групи, тогаш треба да се поттикне и совладување на пишаната форма. Тоа поттикување треба да е до тој степен што нема да има потреба од владина помош или помош од образовниот систем.
  5. јазикот да стане задолжителен во образовниот систем во земји да тоа возможно.
  6. кога сè од горенаведеното ќе биде постигнато, луѓето треба да бидат потикнати да го користат јазикот на работните места.
  7. кога сè од горенаведеното ќе биде постигнато, локалната власт и медиумите треба да бидат поттикнати да го користат јазикот.
  8. кога сè од горенаведеното ќе биде постигнато, јазикот треба да се воведе во високото образование, владините институции и сл.

Јазикот е така дизајниран да го води процесот директно кон целта. Губење на време и труд се појавува ако не се одвива постепено.

Фактори

уреди

Дејвид Кристал, во својата книга „Јазична смрт“,[5] предлага шест фактори кои можат да помогнат при процесот на оживување. Еден јазик ќе стане сè позборуван ако:

  1. се зголеми престижот на јазикот во заедницата,
  2. се зголеми вредноста
  3. се зголеми легитимната моќ во очите на доминантната заедница,
  4. да се има силно присуство во образовниот систем,
  5. може да се запише јазикот, и
  6. ако може да се користи со електронската технологија.

Наводи

уреди
  1. Гилад Цукерман (Ghil'ad Zuckermann) 2020. Revivalistics: From the Genesis of Israeli to Language Reclamation in Australia and Beyond, Oxford University Press. ISBN 9780199812790 / ISBN 9780199812776
  2. Zuckermann, Ghil'ad and Walsh, Michael 2011. 'Stop, Revive, Survive: Lessons from the Hebrew Revival Applicable to the Reclamation, Maintenance and Empowerment of Aboriginal Languages and Cultures' Архивирано на 11 август 2011 г., Australian Journal of Linguistics 31.
  3. Fishman, J. A. (1991). Reversing language Shift: Theory and Practice of Assistance to Threatened Languages. Clevedon : Multilingual Matters.
  4. Fishman, J. A. (ed.) (2001). Can Threatened Languages Be Saved? Reversing Language Shift, Revisited: A 21st Century Perspective. Clevedon : Multilingual Matters.
  5. Crystal, D. (2000). Language Death. Cambridge : Cambridge University Press. ISBN 0-521-65321-5

Поврзано

уреди

Дополнителни информации

уреди
  • Grenoble, L. A. and Whaley, L. J. (1998). Endangered Languages: Language Loss and Community Response. Cambridge University Press. (ISBN 0-521-59712-9)
  • Nettle, D. and Romaine, S. (2000). Vanishing Voices. Oxford University Press. (ISBN 0-19-515246-8)
  • Reyhner, J. (ed.) (1999). Revitalizing indigenous languages. Flagstaff, AZ : Northern Arizona University, Center for Excellence in Education. (ISBN 0-9670554-0-7)

Надворешни врски

уреди