Список на делата на Јан ван Ајк

список на статии на Викимедија

Ова е список на дела на уметникот Јан ван Ајк[1].

Ван Ајк не бил плоден уметник, нему, денес му се припишуваат 21 слика[2].

Ван Ајк бил првиот голем европски уметник кој користел маслена боја. Иако употребата на маслена боја, била многу векови пред него, неговото виртуозно ракување и сликање со неа, како и употребата на глазури, влажно на влажно и други техники, биле такви што Џорџо Вазари го создал митот дека Ван Ајк го измислил масленото сликарство[3].

Со сигурност му се припишуваат 21 до денес зачувани слики, сите датираат помеѓу 1432 и 1439 година.[4].

Сликарство

уреди
Дело Наслов Датирање Моментална локација Димензии
 
 
Гентски олтар околу 1420-32 Катедрала Свети Баво, Гент 3.4 x 5.2 м, отворен
3.4 x 2.23 м, затворен
  Портрет на маж со син шаперон

околу 1430

Национален музеј во Брукентал, Сибиу 22.5 x 16.6 см
  Свети Франциск ги прима стигмите околу 1430-32 Галерија Сабада, Торино 29.3 x 33.4 см
  Свети Франциск ги прима стигмите 1430-32 Музеј на уметноста во Филаделфија 12.7 x 14.6 см
  Распнување и Страшниот суд околу 1430-40 Метрополитен (музеј), [Њујорк (град)]] 56.5 х 19.5 сн
  Портрет на кардиналот Николо Албергати 1431 Уметничкоисториски музеј (Виена), Виена 34 x 29.5 см
  Леал Сувенир 1432 Национална галерија (Лондон), Лондон 33.3 x 18.9 см
  Портрет на маж (автопортрет?) 1433 Национална галерија (Лондон), Лондон 25.5 x 19 см
  Портрет на Арнолфиниеви 1434 Национална галерија (Лондон), Лондон 82 x 59.5 см
  Благовештение 1434-36 Национална галерија на уметноста во Вашингтону, Вашингтон 90.2 x 34.1 см
  Благовештение, Мадрид 1434-36 Музеј Тисен-Борнемиса, [[Мадрид] 39 x 24 см
  Портрет на Бодуен де Ланоа 1435 Гемалдегалерие, Берлин 26 x 20 см
  Мадона на канцеларот Ролен 1435 Лувр, Париз 66 x 62 см
  Портрет на Јан де Леу 1436 Уметничкоисториски музеј (Виена), Виена 24.5 x 19 см
  Мадона со детето и каноникот Ван дер Пале 1436 Музеј Гроенинге, Бриж 1.22 x 1.57 м
  Дрезденски триптих 1437 Галерија на слики од стари мајстори, Дрезден 33 x 27.5 см
  Мадона од Лука околу 1437 Музеј Стадел, Франкфурт 65.7 x 49.6 см
  Портрет на кардиналот Николо Албергати 1438 Гемалдегалерие, Берлин 29 x 20 см
  Мадона в црква околу 1438-40 Гемалдегалерие, Берлин 31 x 14 см
  Портрет на Маргарет ван Ајк 1439 Гроенингемусеум, Бриж 41.2 x 34.6 см
  Мадона на фонтана 1439 Кралски музеј на ликовни уметности Антверпен 19 x 12 см
  Мадона од Јан Вос 1441-43 Фрицк Колекција, Њујорк (град) 47.3 x 61.3 см

ракописи - илуминации

уреди
Дело Наслов Датум Моментална локација Белешки
  Торинско-милански часослов околу 1420 Музејот на античка уметност во Торино Минијатурите потпишани со „Г“, од кои три зачувани генерално се верува дека припаѓаат или Јан ван Ајк или неговиот брат Хуберт

Цртежи

уреди
Дело Наслов Датум Моментална локација Димензии
  Студија за портретот на кардиналот Николо Албергати c. 1432 Купферштих-Кабинетт, Дрезден, Дрезден 21.4 x 18 см
  Света Барбара 1437 Кралски музеј на ликовни уметности (Антверпен) 34 x 18.5 см
  Студија за распнување околу 1440 Музеј Боијманс Ван Беунинген, Ротердам 25.4 x 18.7 см

Изгубени дела

уреди
Дело Наслов Датум Белешки
  Портрет на Изабела од Португалија околу 1428-29 Познато само од копии
 
 
Свети Христофор Непознато Познато преку две копии:
Музејот на уметностите во Филаделфија и цртеж во Лувр
  Жена се капи околу 1434 Познато преку две копии: една во Антверпен и една во Музеите на уметноста на Харвард
  Вера икон (Христовата глава) пред 1438 Познат од три современи копии
 
 
Мадона на Николас вас Маелбеке после1440 Познат од реплика од 18 век и неколку други

Оспорени

уреди
Дело Наслов Датум Моментална локација Димензии Белешки
  Трите Марии на гробот околу 1410-26 Музеј Боијманс Ван Беунинген, Ротердам 71.5 x 90 см Сега обично му се припишува на Хуберт ван Ајк
  Фонтана на животот околу1432 Музеј Прадо, Мадрид 181 119 см Обично се припишува на работилницата на Ван Ејк
  Портрет на маж со каранфил околу 1436 Гемелдегалерија, Берлин 40 x 31 см Припишувана на Ван Ајк или член на неговато ателје

Работилница

уреди
Дело Наслов Моментална локација Димензии
  Распнување (после ван Ајк) Ка-д’Оро, Венеција 46 x 31 см
  Мадона со детето што чита Национална галерија на Викторија, Мелбурн 26.5 x 19.5 см
  Христос на крстот со Богородица и Свети Јован Гемелдегалерија, Берлин 43 x 26 см
  Свети Јероним во неговото студио Институт за уметност во Детроит 20.6 x 13.3

Наводи

уреди
  1. „Jan van Eyck Netherlandish painter“. Архивирано од изворникот на 2021-01-27. Посетено на 2021-03-18.
  2. Jan van Eyck active 1422; died 1441
  3. Jan van Eyck - Biography and Legacy
  4. Jan van Eyck Artworks