Портрет на Арнолфиниеви

Портрет на Арнолфиниеви (Џовани Арнолфини со сопругата) – слика од Јан ван Ајк од 1434 година, еден од најраните портрети во европското сликарство (Северноевропска ренесансна уметност), во многу нешта иновативна слика која се смета за најдобро дело на тогашна Европа. Покрај Гентскиот олтар, најстара слика со маслени бои.

Портрет на Арнолфиниеви
Творец Јан ван Ајк
Година 1434
Вид Масло на дабов панел од 3 вертикални плочи
Димензии 82,2 см × 60 см;
панел 845 cм × 625 cм (333 ин × 246 ин)
Место Национална галерија, Лондон

Историја

уреди

Сликата ја купила Државната галерија од Лондон во 1882 година.

За оваа слика долго се верувало дека е брачен портрет на Џовани ди Ариго Арнолфини и неговата сопруга Џована Ценами во фламанска спална соба, но во 1997 година било установено дека тие се венчале дури во 1447 година, тринаесет години откако сликата била завршена и 6 години по смртта на Ван Ајк [1]. Денес се верува дека на сликата се наоѓаат Џовани ди Николао Арнолфини, роднина на Џовани ди Ариго, и неговата жена. Џовани ди Николао Арнолфини бил италијански трговец родум од Лука кој живеел во Бриж од 1419 година. Тој подоцна се нашол и на друг портрет на Ван Ајк во Берлин, што наведува на идеја дека му бил пријател на уметникот.

Уметникот Дејвид Хокни и физичарот Чарлс Фалко изнеле теорија дека Ван Ајк веројатно при сликањето на некои детали користел оптички уреди како што е camera obscura. Денес тоа е познато како Хокни-Фалкоова теза.

Особини

уреди
 
Детаљ на конвексно огледало

На сликата е насликан пар кој во формална поза се држи за раце во спална соба. Според нивната облека која е извонредно прикажана, па може да се препознае секој индивидуален материјал (крзно, ткаенина, злато и кожни детали) се открива нивното богатство. Два чифта чевли пред нив симболично означуваат како нивната спална соба за нив воедно е и свет простор, но и нивен дом каде имаат намера да останат. На сликата се прикажани повеќе навестувања дека жената е трудна, како што е нејзиното држење драперија на стомакот, овошка на орманчето и прозорецот како симболи на плодноста и мала дрвена скулптура на задната страна на столицата покрај креветот која ја претставува Светата маченичка Марина, заштитничка на трудниците. Кучето во прв план, сигурно симболизира верност, но има и еротски конотации. Како и кај сликите на Робер Кампен, секој детаљ има некое христијанско значење. Една единствена свеќа која гори во лустерот ја означува Христовата присутност, но претставува и свеќа која младата ја носи во брачната соба. Кога бракот се консумира, свеќата се гаси.

 
Детаљ со потписот

Најзанимлив детаљ на сликата е конвексното огледало за задниот ѕид [2]. Тоа е опкружено со 10 мали кругови во кои е насликан Крстен пат. Во огледалото се огледуваат портретираните фигури од зад грб, но и група сведоци која стои пред нив. Еден од ликовите сигурно е самиот слика со што двократно го обележал своето присуство, во одразот, но и со потписот над огледалото. Потписот наведува: "Johannes de eyck fuit hic," во превод "Јан ван Ајк беше овде," со годината, 1434. Неговиот потпис потсетува на стара паралела меѓу Бог, како творец на семирот, и уметникот кој како смртник само го копира Божјото творење низ уметнички дела.

Наводи

уреди
  1. „Margaret Koster, Apollo, септември 2003“. Архивирано од изворникот на 2008-09-19. Посетено на 2021-03-18.
  2. Испакнатите огледала биле популарни во тоа време бидејќи одразувале голем простор така што трговците (како и денес) би ги виделе потенцијалните крадци во своите дуќани. Како такви, биле „севидливо око“ на сопственикот кој го чувал својот имот. Ван Ајковото огледало така е христијански симбол на Божјото око.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди