Спирово
Спирово (руски: Спирово) е населено место со административен статус на мало гратче на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместено е во централниот дел на Тверската област на подрачјето на Спировскиот реон, чиј е и исто така административен центар.
Според проценките на Националната статистичка служба, во 2014 година во градот живееле 5 979 жители.
Географија
уредиГратчето Спирово се наоѓа во централниот дел на Тверската област, на околу 80 км северозападно од обласниот центар на градот Твер. Важна е железничката станица на линијата Москва - Санкт Петербург. Реката Мала Тигма, десна притока на реката Тверца, тече низ населбата.
Историја
уредиНаселбата Спирово првпат се споменува во 1545 година како црковен имот што во тоа време припаѓал на Новгородската земја.
Меѓутоа, 1847 година се смета за службена година на основањето на населбата, кога Николаевската железница, која ја поврзувала Москва со Санкт Петербург, го преминала подрачјето. Истата година е основана железничката станица Спирово. Во тоа време, Спирово бил дел од Вишневолошкиот округ во Тверската губернерија.
Првата важна комерцијална зграда во населбата била фабрика за стакло, која била отворена во 1886 година (фабриката е сè уште најважниот комерцијален објект во градот). Во 1908 година било отворено железничко училиште.
По основањето на Спировскиот реон во 1929 година Спирово станува нејзин административен центар. Има статус на мало гратче од градски тип од 1932 година.
Економија
уредиДо 2000-тите години работеа најголемата фабрика за стакло „Индустрија“, фабрика за украси на новогодишни елки, фабрика за лен, млекарница, складиште за нафта и гранка на фабрика за облека.
Култура
уредиВо градот има локален историски музеј. Се објавува весникот „Спировска Известија“.
Демографија
уредиСпоред податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 6 267 жители, додека според проценките за 2014 година таму живееле 5 979 жители.
1959 | 1970 | 1979 | 1989 | 2002 | 2010 | 2014 |
---|---|---|---|---|---|---|
6 .418 | 6.706 | 6.450 | 6.896 | 6.859 | 6.267 | 5.979 |