Трискок е атлетска дисциплина која се состои во скокање во далечина со залет или без него слична на скокот во далечина, но се изведува со 3 последователни скокови, односно отскок, чекор и скок. Отскокот и првиот чекор се изведуваат на истата нога. Ова е тешка дисциплина и само вистинските шампиони постигнуваат добри резултати. Трискокот влече потекло од античките олимписки игри, а на модерните Олимписки игри се одржува од самиот нивен почеток (во 1896).

Атлетика
Трискок
Поранешниот светски рекордер Вили Бенкс за време на Летните олимписки игри 1988 во Сеул, Јужна Кореја
Светски рекорди
МажиВелика Британија Џонатан Едвардс
18,29 м (1995)
ЖениВенецуела Јулимар Рохас
15,67 м (2021)
Олимписки рекорди
МажиСАД Кени Харисон
18,09 м (1996)
ЖениВенецуела Јулимар Рохас
15,67 м (2021)

Светските рекорди ги држат Британецот Џонатан Едвардс (18,29 м), односно Венецуелката Јулимар Рохас (15,67 м). Машкиот рекорд е поставен на Светското првенство 1995 во Гетеборг, а женскиот на Летните олимписки игри 2020 во Токио.

Историја уреди

Во стариот век, во Грција, биле постигнати скокови преку 16 м, па се претпоставува дека тој резултат се однесувал на збирот од трите последователни скокови. Во 1465 година во Цирих бил награден натпреварувачот кој победил во трискок, но недостасуваат податоци за самото натпреварување.

Во Ирска во 19-тиот век трискокот се вбројувал во народен спорт, а се изведувал со скокање на една нога. Така Ирецот Шенахан во 1888 година постигнал резултат од 15,25 м, кој долго бил светски рекорд.

Покрај овој ирски начин во Англија во 19-тиот век бил применуван начин кој се засновал на наизменична промена на ногата, пр. лева-десна-лева.

Според правилата на Меѓународниот атлетски сојуз (IAAF) дозволени се два одраза со истата нога, а третиот со другата (десна-десна-лева или лева-лева-десна).

Трискокот бил вклучен во програмата на првите Олимписки игри 1896 во Атина. На следните игри во Париз 1900 и во Сент Луис 1904 натпреварувачите скокале од место (без залет).

Користејќи го искуството и техниката на претходните скокачи, Американецот со ирско потекло Дан Ахерн вовел скратен чекор за вториот скок, со што постигнал активно делување на одразната нога. Тоа бил почетокот на таканаречената ударна техника, со која Ахерн 1909 скокнал 15,52 м. Измеѓу 1909 и 1924 година најголем напредок во трискокот постигнат е од страна на скандинавските земји и Австралија. Тамошни натпреварувачи го продолжиле првиот чекор.

Помеѓу 1924 и 1939 година најдобри во трискок биле јапонците, кои дале тројца светски рекордери и олимписки победници: Микио Ода (15,21 м), Чухеи Намбу (15,72 м) и Наото Тоџима (16,00 м).

После 1945 година водечки трискокачи биле Бразилецот Адемар да Силва (16,00 м – 1950 до 16,56 м – 1955) и советските трискокачи Леонид Шчербаков (16,23 м – 1953) и Олег Федосјевев (16,70 м – 1959). Пољакот Јозеф Шмит, како извонреден тркач на 100 м, со квалитетно изведување на својата тркачка техника прв успеал да прескокне 17 м (17,03 м) во 1960 година.

Трискокот во машка конкуренција бил на програмата на сите атлетски натпреварувања од почетокот на модерната атлетика. Трискокот за жени бил вклучен дури во 1990 година na Европското првенство во сала, а потоа на Светското првенство 1993 и Летните олимписки игри 1996.

Техника уреди

Натпреварувачот спринтува на пистата до ознаката за одраз, од која се мери трискокот. Ознаката е обично парче дрво или сличен материјал закопан во пистата или правоаголник насликан на него. На модерните натпреварувања на работ од даската, т.е. линијата за одраз се става трака од пластелин или глина, која евидентира кога натпреварувачот ќе направи „престап“, односно кога ќе се одрази зад таа линија. Трискокот има три фази: отскок, чекор и скок, а сите тие се изведуваат во една континуирана секвенца.

 
Филипс Идову на ЛОИ 2008

Отскокот почнува така што натпреварувачот ќе се одрази од даската на една нога, која најчесто е десната. Целта на првата фаза е искок, со фокусирање на импулс спрема напред. Фазата на доскок во отскокот е многу активна и вклучува силна „сопирачка“ акција со десната нога према назад, со тоа што петата на одразната (десна) нога прва ја допира стазата. Тој доскок воедно е и почетокот на следната фаза чекор, во која натпреварувачот го искористува импулсот на десната нога како моментално би извел силен скок према напред и према горе; левата нога го потпомага тој одраз со силата акумулирана при свиткување на колкот. Тоа доводи до позната трискокачка позиција во воздухот со десната нога од зад свиткана во колено и левата нога која е сега напред и свиткана во колкот и коленото. Натпреварувачот ја држи таа позиција што повеќе може пред него што го испружи коленото на левата нога и веднаш потоа започне да изведува силно движење со целата лева нога према напред, повторно доскокнувајќи на стазата со голема сопирачка акција. Со доскокот на чекорот започнува последната фаза, скок, во која натпреварувачот ја користи силата во левата нога повторно да се одрази. Таа фаза е многу слична на скокот во далечина иако до нејзе поголемиот број од натпреварувачите веќе ја губат брзината за да би можеле да изведат потполен замав па повеќето од нив користат „висечка“ техника или техника на „едрење“. При доскокот во песокот натпреварувачот треба да избегнува „седење назад“ или да му било која рака остане зад стопалото. Јамата со песокот обично започува на 13 м од одразната даска во меѓународните натпреварувања за мажи или на 11 м од даската во меѓународните натпреварувања за жени или клупски натпреварувања за мажи. Секоја фаза од трискокот би требала да станува прогресивно повисока и би требало да постои правилен ритам при трите доскоци.

Прекршокот, познат и како „престап“, се случува кога натпреварувачот ќе ја прегази линијата за одраз, целосно ќе ја промаши јамата со песок, не користи исправен редослед на нозете во текот на фазите или не изведе скок во зададеното време (које обично изнесува 90 секунди). Кога натпреварувачот ќе направи престап, судијата го подигнува црвеното знаменце и следниот натпреварувач доаѓа на пистата.

Рекорди уреди

  • Заклучно со јули 2021[1][2]

На отворено уреди

Регион Машки Женски
Должина (м) Натпреварувач Должина (м) Натпреварувачка
Свет 18,29   Џонатан Едвардс 15,67   Јулимар Рохас
Континентални рекорди
Африка 18,07   Уг Фабрис Занго 15,39   Франсоа Мбанго Етоне
Азија 17,59   Јанкси Ли 15,25   Олга Рибакова
Европа 18,29   Џонатан Едвардс 15,50   Инеса Кравец
Северна и Средна Америка
и Кариби
18,21   Кристијан Тејлор 15,29   Јамиле Алдама
Океанија 17,46   Кен Лоравеј 14,04   Никол Младенис
Јужна Америка 17,90   Жадел Грегорио 15,67   Јулимар Рохас

Наводи уреди

  1. Men's Outdoor Triple Jump Records, IAAF; пристапено: 25. 1. 2014.
  2. Women's Outdoor Triple Jump Records, IAAF; пристапено 25. 1. 2014.

Надворешни врски уреди