Требишта или Требиште (албански: Trebisht) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед и високоразвиена национална свест.

Требишта
Trebisht
општинска единица
Требишта is located in Албанија
Требишта
Требишта
Координати: 41°25′N 20°32′E / 41.417° СГШ; 20.533° ИГД / 41.417; 20.533
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Население (2011)
 • општинска единица993
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Географија уреди

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Местото всушност претставува административна целина, бидејќи трите маала на селото веќе од одамна се сметаат за посебни села. Тие се Горно Требишта или Балаја (Trebisht-Balaj), Требишта-Мучино (Trebisht-Muçinë) и Требишта-Челебија (Trebisht-Çelebi).

Низ Требишта тече Требишка Река која минува низ него во североисточен правец, ја преминува државната граница крај планината Црвеница (1.015 м) и се влева во заливче на Дебарското Езеро кај вијадуктот „Требишки мост“ на патот Р1201 (Струга-Дебар).[1]

Историја уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трабишта (Trabichta) било село со 965 домаќинства сочинети од 1.300 Македонци-муслимани и 1.030 Македонци-христијани.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Требишта живееле 70 Македонци-христијани и 2.500 Македонци-муслимани.[2][4]

Во податоците за следните периоди христијанското население е доста ниско (иако сигурно било помало од муслиманското), што веројатно се должи на тоа што во нив се претставува само по едно маало.

На почетокот на XX век меѓу христијанското население на селото се наметнала бугарската пропаганда. Според секретарот на Бугарска егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Требишта (Trebichta) имало 152 Македонци под егзархијата.[2][5]

Според статистиката на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. Требишта-Дрим имало 8 македонски куќи под егзархијата и 960 македонски муслимански куќи.[2][6] Според Георги Трајчев во 1911/1912 г. во Требишта имало 8 православни куќи со 68 жители.[7]

Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. Требишта е село со 12 православни куќи.[8]

Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Требишта е посочено како село со 600 куќи, од кои дел се православни Македонци, а останатите се Македонци-муслимани.[2][9]

До 2015 г. селото било седиште на самостојната Општина Требишта.

Демографија уреди

Култура уреди

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Врбничка Река (9807302) — GeoNames
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 261. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, p.152-153.
  6. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  7. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
  8. Отчет на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
  9. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
  10. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски уреди