Оскар Вашингтон Табарез Склаво (шпански изговор: [ˈoskar taˈβaɾes]; роден на 3 март 1947), познат и како Ел Маестро (Наставникот), е уругвајски фудбалски менаџер и поранешен играч, кој играл и како одбранбен играч. Тој во моментов е селектор на репрезентацијата на Уругвај.

Оскар Табарес
Табарез со Уругвај во 2014
Лични податоци
Полно име Оскар Вашингтон Табарез Склаво [1]
Роден на 3 март 1947(1947-03-03)(77 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Позиција Defender
Клупски податоци
Сегашен клуб Uruguay (manager)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1967–1971 Sud América
1972–1973 Sportivo Italiano
1975 Montevideo Wanderers
1976 Fénix
1976–1977 Puebla
1977–1979 Bella Vista
Тренер на екипи
1980–1983 Bella Vista
1983 Uruguay U20
1984 Danubio
1985–1986 Montevideo Wanderers
1987 Peñarol
1987 Uruguay U20
1988 Deportivo Cali
1988–1990 Уругвај
1991–1993 Бока Јуниорс
1994–1996 Каљари
1996 Милан
1997–1998 Oviedo
1998–1999 Cagliari
2001 Vélez Sársfield
2002 Бока Јуниорс
2006– Уругвај
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

По завршувањето на ненаметливата кариера како играч и по работното искуство како наставник во основно училиште, Табарез започнал со богата кариера кој трае повеќе од 30 години и во која се вклучено тренирање на фудбалски клубови во Колумбија, Аргентина, Италија и Шпанија. Тој го водел Уругвајската фудбалска репрезентација од 1988 до 1990 година, а повторно се вратил на работа во репрезентацијата по вторпат во 2006 година. Тој го водеше тимот до четвртото место во 2010 ФИФА Светско Првенство 2010 и до победата и освојувањето на Copa América во 2011. Со Табарез, Уругвај се квалификува на три Светски Првенства, достигнувајќи во вториот круг на 16 екипи во два наврати, и еднаш во полуфиналето. Во октомври 2017 под водство на Табарез Уругвај се квалификува на светското фудбалско првенство по четврти пат.

Наводи уреди

  1. FIFA.com. „2014 FIFA World Cup Brazil™: Uruguay-Jordan - Report - FIFA.com“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2014-10-22. Посетено на 2018-07-04.