Забже

град во Полска

Забже (полски: Zabrze, германски: Hindenburg O.S (од 1915 до 1945), целосен назив: Hindenburg in Oberschlesien, шлески: Zobrze) - град во Полска, кој се наоѓа во Шлеското Војводство во близина на Катовице, во западниот дел на Горношлеската Метрополска Област, кое брои околу 2 милиони жители. Низ градот тече реката Битомка, која е притока на Одра.

Забже
Главната пошта во Забже
Главната пошта во Забже
Знаме на ЗабжеГрб на Забже
Држава Полска
Војводство Шлеско Војводство
Управа
 • ГрадоначалникМалгожата Мањка-Шулик
Површина
 • Градска148 км2 (57 ми2)
Население (2017)
 • Градско174,349
 • Градскo2.746.000
 • Метро4.620.624
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски бројод 41-800 до 41-820
Повик. бр.+48 32
Регистарски табличкиSZ
Мреж. местоum.zabrze.pl

До 1999 година, градот бил дел од тогашното Катовицко Војводство, а од тогаш е дел од проширеното Шлеско Војводство. Забже е еден од градовите кои ја сочинуваат катовицката конурбација, која пак е важен дел од пошироката Горношлеската Метрополска Област, во која живеат нешто над 5 милиони жители.