Специјален резерват на природата Увац
Специјалниот резерват на природата Увац е резерват на природата од прва категорија и се наоѓа на подрачјето на југозападна Србија.[1] Зазема површина од 7,453 хектари и ги опфаќа деловите од територијата на општина Нова Варош и Сјеница. Под заштита на државата е од 1971 година и како природен резерват е од исклучително значење.[1]
Особености
уредиСпецијалниот резерват на природата Увац претставува единствена морфолошка целина на Старовлашката висорамнина. Тоа е долина на кањонот на реката Увац. Самата река поминувајќи низ пределот на места прави меандри, а на места ги пресекла планините правејќи кањон со бочни страни високи и до 100 метри. Резерватот се простира меѓу две планини, на југозапад е Златар, а на североисток е Јавор. Во релјефот доминираат варовнички облици претставени со бројни ували, јами и пештери. Најпознат е Ушачкиот пештерски систем со канали долги 6,185 метри. Тука се наоѓа и познатата Ледена пештера.
Флора и фауна
уредиПтици
уредиОвој резерват се одликува со исклучителна биоразновидност. Најзначајна птица на овие простори е белоглавиот мршојадец – вид на орел мршојадец со големи димензии (распон на крилата до три метри). Оваа птица освен во овој резерват може да се најде уште само во кањонот на реката Трешњица. Во резерватот има околу 300 единки, а за нив е специфичен единствениот начин на исхрана. Се хранат исклучиво се мрша на умрени животни и затоа претставуваат важен дел од синџирот на исхраната. До сега на оваа територија се забележани 104 вида на птици, меѓу кои се: златниот орел (Aquila chrysaetos), орелот змијар (Cricaetus gallicus), сивиот сокол (Falco peregrinus), кокаљката (Mergus merganser), прдавецот (Crex crex) и други.[2] Најголемото место на гнездење на кокаљката на Балканот се наоѓа во овој резерват.
Друг жив свет
уредиВо овој регион живеат неколку загрозени видови на цицачи, а во реката се забележани 11 вида на риби (поточна пастрмка, клен и скобаљ).[1] Од растенијата регистрирани се 219 разни растителни таксони. Од нив три вида се со меѓународно значење, неколку се под заштита, а повеќе од 50 вида имаат лековито дејство. Значајно е присуството на животни како што се: рисот (Lynx lynx), видрата (Lutra lutra) и лилјаците. Пештерата Увце е живеалиште на ендемски видови на инсекти од родот Remyella и Duvalius како и на стоногалката Haasea lacusnigri microcorna.[1]
Заштита
уредиСпецијалениот резерват на природата Увац првпат бил заштитен 1971 година, на наоѓалиштето Павловиќ Брод со површина од 267 хектари. Во 1995 година, проширено е подрачјето под заштита за околу десет пати (2,717 ха) за да во 2006 година ја добие конечната големина и облик. Формиран е фонд за заштита на птицата грабливка "Белоглав суп" со седиште во Нова Варош, кој се грижи за резерватот.[1] Бидејќи е резерват од исклучително значење, секоја активност која може да го наруши екосистемот е строго забранета.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Специјални резерват природе „Увац"“ (српски). Посетено на 2018-05-05.
- ↑ Аминиќ и сорб. (2011). Заштићена природна добра Србије (друго изд.). Белград: Министарство животне средине, рударства и просторног планирања; Завод за заштиту природе Србије. стр. 280. ISBN 978-86-80877-39-6.
Надворешни врски
уреди- Официјална презентација СРП Увац (српски)
- СРП Увац на ЗлатарИнфо портал (српски)
- Белоглав суп - Клисура реке Увац, 1. део, РТС научно-образовна програма - официјален канал (српски)
- Повратак белоглавог супа - Клисура реке Увац, 2. део, РТС научно-образовна програма - официјален канал (српски)
- Траг: Време орлова - увачка бајкаI, РТС Траг - официјален канал (српски)
- Увац – скривени драгуљ Европе („Политика”, 8. јул 2017) (српски)