Спектрална боја

(Пренасочено од Спектрални координати)

Спектрална бојабоја која се добива од една бранова должина на светлината во видливиот спектар, или од релативно тесен опсег на бранови должини. Секоја бранова должина на светлината се прикажува како спектрална боја во постојан спектар. Боите кои имаат доволно слични бранови должини се неразличиви една од друга.

Дијаграм на хроматичност xy. Спектралните бои се боите што лежат на кривата на дијаграмот. Сите останати бои не се спектрални: правата линија на дново е наречена „пурпурен ред“, додека пак во внатрешноста се наоѓаат незаситените бои што претставуват разни мешавини на спектрална или пурпурна боја со бела (која ѝ припаѓа на сивата кала). Во средиштето на дијаграмот е белата боја, бидејќи кога ќе се смешаат сите бои на светлината, се добива бела.

Спекатарот се дели на именувани бои, иако поделбата е во извесна мера произволна, бидејќи сепактарот е непрекинат. Традиционални бои се: црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината и виолетовата.

Во неговото „тркало на боите“, Исак Њутн ги вброил црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината, индиго и виолетовата боја. Денес индиго-бојата не се вбројува, бидејќи се смета за тон на сината или виолетовата.

Неспректрални бои

уреди

Меѓу боите што не се спектрални се вбројуваат:

Поврзано

уреди