Главатица
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Лососовидни
Семејство: Лососи
Род: Пастрмка
Вид: Главатица
Научен назив
Salmo marmoratus
Cuvier, 1829

Главатица (Salmo marmoratus) е вид на слатководна риба од фамилијата Salmonidae, вториот најголем вид на европска пастрмка, помал само од младица/huchen (Hucho hucho). Главатицата се наоѓа во реките на јадранското сливно подрачје, во реката Неретва во Босна и Херцеговина, реката По во Италија, реката Зета во Црна Гора, реките Соча и Идријца во Словенија и можеби во Албанија. Порано ја имало во реката Црн Дрим во Македонија, но со изградба на браните Глобочица и Шпиље истата ја нема повеќе во реката Црн Дрим, а се претпоставува дека има останати примероци во Дебарското езеро.[1] [2]

Морфололошки одлики

уреди

Телото достигнува големи размери: должина до 140 cm и маса од 30 кг. Примероци од 10 до 20 кг не се ретки. Телото е издолжено и валчесто. Главата е релативно голема, усниот отвор голем, во устата се наоѓаат силни заби. Окото е релативно мало-неговиот пречник се содржи 5,5 до 7,5 пати во должината на главата. Меѓуочниот простор е голем од 1,7 до 2,0 очни дијаметра, а исто така и предочното растојание. Горно виличната коска достигнува до под задниот раб на окото и во својот заден дел е нешто поширока. Бројот на пилорични израстоци варира од 41 до 71. Диплоидната хромозомска гарнитура ја сочинуваат 84 хромозоми. Многу карактеристична е бојата на телото. Во основа таа е румено сива до темнозеленкаста, но со многубројни темни полиња. Стомакот и е бел. Шарите на главата имаат изгледа на неправилно извиени пруги, што на главата и даваат мермерен изглед, по што рибата го добила името. Црвени и црни петна по телото, вообичаени кај другите салмониди овде нема. Помладите примероци се разликуваат по бојата од постарите и тоа повеќе отколку кај кој било друг салмониден вид риба кај нас.

Услови за живот

уреди

Главатицата ги населува просторните води; најмногу се задржува на вировите а ретко оди во поплитките води. Грабливка е што претежно се храни со други риби. Се мрести од ноември до јануари. Се мрести на чакалеста подлога во реките. Привлечна е за спортски риболов, за која цел вештачки се мрести и одгледува. Се лови најдобро пред вечер и во рана зора, со блинкер и цврст прибор. На сезона е пролет и доцна есен. Помали примероци се ловат во август на големи мушички или крупни скакулци. За да се достигната длабчините каде што се задржува потребен е поголем и потежок блинкер, кој се влече косо низводно. Одличен мамец е и плетенката (copf). Кај нас ја населува реката Радика, а пошироко се среќава во реките на Јадранскиот слив. Освен на балканот живее само во некои реки и езера во северна Италија (притоки на реката По, езерата Лаго Магоре и Комо и во некои води во Фурландија).

Извори

уреди
  1. „Marble trout (Salmo marmoratus)“. Balkan Trout Restoration Group. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2009-03-10. Надворешна врска во |publisher= (help)
  2. Crivelli, A.J. (2006). Salmo marmoratus. 2006 IUCN Red List of Threatened Species. Посетено на 2007-08-05. Надворешна врска во |publisher= (help)