Пиратерија на програмска опрема

(Пренасочено од Софтверска пиратерија)

Софтверската пиратерија претставува неовластено копирање, дистрибуција или користење на компјутерски софтвер со што со самото копирање на софтверот се врши прекршување на авторски права и како такво подлежи на одредени репресивни мерки регулирани со законски акти. Без разлика дали пиратскиот софтвер ќе се користи за лична употреба, дали ќе се предаде на друго лице или ќе се продава на трети лица за понатамошно користење и измена на изворниот код тоа е нелегална постапка и треба да биде казнета. Исто така за против законска постапка се смета користењето на сериски броеви за регистрирање на софтверот кој претходно е преземен како пробна верзија и потоа е активиран.

Демонстрации во Шведска во знак на поддршка на софветското пиратство, 2006.

Краток опис на софтверската пиратерија

уреди

Историски развој

уреди

Самата дигитална природа на софтверот е таква што секој корисник со вистинска опрема во своите раце може да направи целосно функционална копија за скоро минимална цена.Како што цената и комплексноста на опремата за дуплицирање на било кој дигитален производ се намалува така се зголемува степенот на присутност на пиратеријата.Пред 1990 година најчестиот начин за илегално копирање се користеа флопи и ЦД дисковите.Таквите дискови беа разменувани помеѓу доверливи пријатели или беа продавани на непознати лица.Производителите на софтвер ваквата појава се обидоа да ја искоренат со воведување на технологија наречена Digital Rights Management или технологија за менаџмент на дигиталните права.Принципот на функционирање на ваквата технологија се состоеше во тоа што корисникот пред да ја стартува апликацијата ќе мора да го стави оригиналниот диск во диск единицата или пак да ја напише лозинката која се добива при самата набавка на софтверот. Со самото доаѓање на интернетот, софтверските пирати преминаа кон дигитална дистрибуција на своите нелегално добиени софтверски пакети преку поставување на мрежно поврзани опслужувачи кои му овозможуваа на голем број други корисници да ги преземаат преку разни дискусиони групи, мрежни места, јавни или приватни FTP опслужувачи.Од ваквиот начин на пренос корист имаа само оние корисници кои имаа доволно способности да ги пронајдат овие навидум невидливи документи а додека оние кои имаа лимитирани познавања не беа во можност да направат ништо.Набрзо ваквата „неусогласеност“ со помош на неколку фактори како брзите интернет врски, драматичното опаѓање на тврдите дискови и создавањето на корисник за корисник (Peer to Peer P2P) апликации за размена на фалјови, исчезна засекогаш. Индустриските аналитичари известуваат дека 32 милиони американски домаќинства имаат широкопојасна интернет врска.Користејќи ваков тип на врска обичен корисник може да преземи приближно 100 MB софтверски апликации за помалку од еден час а поголеми и пософистицирани пакети можат да се преземат за неколку часа. Пред околу 10 години најдобро опремениот компјутер се добиваше со опрема која во себе вклучуваше тврд диск од 500 MB додека денес типична компјутерска конфигурација се добива со 60 GB простор што претставува зголемување за 100 пати а неговиот капацитет е складирање на околу 600 софтверски апликации. Ваквиот факт го овозможи доаѓањето на една од првите програми за размена на податотеки која се викаше Napster во 1999. Денес постојат високо софистицирани апликации од кои најпознати се KaZaa, eDonkey, Bit Torrent и Gnutella кои го овозможуваат присуството на пиратеријата помеѓу корисниците со интернет врска преку иновативен начин на размена преку остварување на директна врска помеѓу нивните компјутери и со тоа ја елиминираат потребата за запишување на пограмите на оптички медиум.

Степен на распространетост

уреди

Степенот на раширеност на ваквиот начин на дистрибуција на нелегален софтвер се проценува дека е доста голем и понатаму расте.Имено пресметано е дека околу 60 милиони американци користеле P2P софтвер.

Копирање и преработка

уреди

Најчести облици на пиратерија се:

  1. копии на крајните корисници: пријатели си позајмуваат дискови меѓу себе или организациите пријавуваат помал број на инсталирани копии.
  2. преработка: разни начини на умножување и дистрибуција на нелегално копиран софтвер.

Размена на софтвер помеѓу пријатели и не е баш којзнае што и не може да се спореди со тоа што го работат фалсификаторите на големо ?!? Погрешно. И двете активности го прекршуваат законот за интелектуална сопственост и претставуваат ризик за корисниците на софтверот.

Копии на крајни корисници

уреди

Правење на нелиценцирани копии од страна на поединечни корисници и фирми е најчест облик на софтверска пиратерија. Исто така:

  1. Софтвер инсталиран на повеќе компјутери отколку што е лиценцирано
  2. Информативна размена помеѓу пријатели и колеги

Сите овие активности се нелегални и ризични бидејќи не постои лиценца за користење на тој софтвер.

Фалсификување

уреди

Фалсификувањето е нелегално дуплирање и дистрибуција на одреден софтвер. Многу „пирати“ се поврзани со организираниот криминал за фалсификување и пакување на софтверот и за тоа користат софистицирана технологија. Така спакуваниот софтвер се продава како имитација на легалниот софтвер. Пиратеријата стана дел од механизмот за перење пари, што води кон трговија со други криминални дејствија. Како технологијата што ја користат фалсификаторите напредува, така е се потешко дури и за искусни корисници да препознаат легитимен софтвер од фалсификат. Развојот на трговијата преку Интернет исто така ја зголемува можноста за измама бидејќи не можете да го видите производот што го купувате што не претставува тема во склоп на овој извештај и е посебна гранка на дигиталниот криминал.

Видови на софтверска пиратерија

уреди

Има пет основни видови софтверска пиратерија. Разбирањето на секоја од нив ќе им помогне на корисниците да ги избегнат проблемите во врска со илегалниот софтвер.

Пиратерија на крајниот корисник

уреди

Ова се случува кога вработените репродуцираат софтверски копии без авторизација. Пиратеријата на крајниот корисник се јавува во следните облици:

  • Користење на една лиценцирана копија за инсталирање на повеќе компјутери;
  • Копирање на дискови со цел нивно инсталирање и понатамошна дистрибуција;
  • Користење на можноста за надоградување на системот без поседување на легална копија на верзијата која се надоградува;
  • Набавување на академски или друг софтвер кој не се продава во комерцијални цели;
  • Замена на дискови на работно место и надвор од него.

Клиент-опслужувач преупотреба

уреди

Овој облик на пиратерија се случува кога премногу вработени на мрежа ја користат централната копија на програмот во исто време. Ако имате локална мрежа и инсталирани програми на опслужувач кои може да ги користат неколку луѓе, мора да бидете сигурни дека вашата лиценца ве овластува така што постапите. Доколку имате повеќе корисници отколку што е дозволено со лиценцата, тоа е преупотреба.

Снимање на тврд диск

уреди

Ова се случува кога фирмите што продаваат нови компјутери копираат илегални копии на софтверот на тврд диск за да ја направат продажбата на компјутери поатрактивна. Истото може да се примени на Value Added Resellers (VAR) кои продаваат или инсталираат нов софтвер на компјутери кои се наоѓаат на работно место.

Фалсификување на софтвер

уреди

Ова е илегално дуплицирање и продажба на авторизиран материјал со намера директно да се имитира заштитениот производ. Во случај на запакуван софтвер вообичаено покрај фалсификуваните копии ЦД или дискети на кои се наоѓаат софтверските програми, како и слично пакување, упатства, Договори за Лиценца, налепници, картички за регистрација и заштитни опции

Интернет пиратерија

уреди

Додека интернетот во голема мерка ги зголемува можностите за продажба на производите и услугите, тој исто така создава и нови можности за кражба на софтверот.Секако, кражбата и дистрибуцијата на краден софтвер се заканува да ги поткопа одличните иновации, работите и приходите кои интернетот ги ветува[1].

До неодамна, неовластеното копирање на софтвер бараше физичка размена на флопи дискови, ЦД-а или други тврди медиуми. Но, со оглед на тоа дека интернетот константно станува полесен, побрз и поевтин, софтверската пиратерија го прави истото. Интернетот дозволува производите да се пренесуваат од компјутер на компјутер, без размена на тврди медиуми и со мал ризик од откривање.Некои начини на пиратерија можат да вклучуваат и употребата на компјутери без знаење на нивните сопственици. Пиратеријата која некогаш бараше разбирање на сложени компјутерски кодови сега може да се реализира само со едно кликање на глувчето.

Со оглед на тоа дека согласно последните проценки речиси 100 милиони американци имаат пристап на интернет, тоа им овозможува на пиратите зголемување на пазарот. Индустријата на висока технологија ја движи информатичката револуција, која е камен темелник на новата економија. Тоа што интернетот на сите нас ни овозможи полесно да разменуваме информации не значи дека ние треба да ги напуштиме нашите закони. Напредоците во новите технологии зависат од строгата заштита на интелектуалната сопственост. Интернет пиратеријата во Западна Европа е доста раширена појава[2].

Заклучок

уреди

Пиратеријата ви штети на вас и на вашите клиенти.Развојот на софтверска апликација е голема инвестиција на време, пари и труд. Софтверската пиратерија ви го ускратува заслужениот приход и им штети на вашите потрошувачи, кои ја плаќаат цената од нелегалното користење на вашиот софтвер. Пиратеријата ви оневозможува да бидете конкурентни, кое доведува до поголеми цени на вашите производи кои се помалку ефикасни.

Заштитете ја вашата интелектуална сопственост

Со сè поголемата индустриска шпионажа, заштитата на вашата интелектуална сопственост значи криење на вашиот код од љубопитните очи. Силната заштита на интелектуалната сопственост е важен дел од економскиот раст на секоја земја, која има повеќе бенефиции:

  • ги стимулира индивидуалците и компаниите да создаваат нов софтвер, како и подобрување на постојниот;
  • стимулира развој на домашната софтверска индустрија;
  • обезбедува новите идеи и технологии да се широко распространети;
  • промовира инвестирање во националната економија;
  • стимулира размена на технологија меѓу нациите.

Зголемете го вашиот продажен потенцијал

Со зголемен прилив на средства, вие сте способни да инвестирате повеќе во подобрување на вашиот производ, да го поевтините, како би бил подостапен.

Пет мита за софтверската пиратерија

уреди
  1. Софтверската пиратерија е криминал без жртви - Според некои податоци, нелегалната употреба на софтверот ги чини произведувачите преку 13 милијарди долари годишно. За тие пари да се заработат потребни се огромен број на жртви.
  2. Заштитата на софтверот го прави поскап - Напротив: заштитата е неспоредливо мала во споредба со загубите на производителите. Со заштита на својот софтвер и зголемување на продажбата, производителите може да понудат подобар софтвер по подобри цени.
  3. Заштитата оди во полза на легитимните корисници - Подобрената и пософистицирана заштита оди во прилог на легитимните корисници, од која тие имаат полза. Заштитата обезбедува интегритет на софтверот.
  4. Евтиниот софтвер не се копира - Некои го напаѓаат концептот на заштита на софтверот велејќи: ”Направете го вашиот софтвер поевтин, тоа е се. Луѓето не копираат евтин софтвер, а вие ќе продадете повеќе копии”. Не не е се така просто. Развојот на софтверот бара големи инвестиции од време и пари кој никогаш не завршува. Аргументот дека луѓето не копираат евтин софтвер не е точен. Обично поевтините програми повеќе се копираат.
  5. Секој систем за заштита може да се пробие. Затоа, заштитата е бесполезна - Само првиот дел од ова е точно. Меѓутоа, заштитата треба да обезбеди сигурност за извесен период, а не за секогаш, бидејќи тоа е невозможно. Доволно е да се заштити до излегување на нова верзија на софтверот која исто така ќе биде заштитена.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-05-27. Посетено на 2009-05-20.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-05-27. Посетено на 2009-05-20.

Надворешни врски

уреди