Софи Бжеска
Софи Бжеска - Sophie Gaudier-Brzeska ( Zofia Brzeska; 8 јуни 1872 – 17 март 1925) беше полска писателка и уметнички придружник, на уметникот Анри Годје-Бжеска[1].
Софи Бжеска | |
---|---|
Софи Бжеска, 1910 | |
Роден(а) | Zofia Brzeska Лончки, Полска |
Починал(а) | болница Кони Хил, Глостер, Англија |
Националност | полско |
Познат(а) по | писател |
Софи и Анри се запознале во 1909 година во Париз и започнале интензивна врска. Анри го превзел нејзиното презиме. Голем дел од она што научниците и историчарите можеа да го откријат за Софи Бжеска потекнува од нејзината лична преписка со Гаудие. Џим Еде ги проучувал нејзините трудови по нејзината смрт и опширно се потпирал на нејзиното пишување кога го објавил „Животот на Годје-Бжеска“ (1930)[2].
Рани години
уредиСофи Бжеска е родена во близина на Краков, Полска во 1873 година во семејство од 11 членови. Рано заминала, од Полска во Париз за да стане писателка. Таа прифатила низа работни места како гувернанта, од кои едната вклучувло неколку години да живее во САД. Нејзината сиромаштија и постојано работење во туѓи семејства ја довело до работ на самоубиство[3].
Животот со Анри Годје-Бжеска
уредиБжеска и Гаудие се запознале во 1909 година во Библиотека Сен-Женевиев - Bibliothèque Sainte-Geneviève во Париз и започнале интензивна врска.
Нивната врска е специфична и е една од уметничките љубовни врски кои извршиле значајно влијание врз европската уметност од почетокот на дваесеттиот век[4].
Творештво
уредиСофи оставила неколку стотици ракописи, кои никогаш претходно не биле објавени, од кои повеќето ги напишала на француски и англиски јазик. Нејзината прва книга е објавена 83 години по нејзината смрт, благодарение на Џилијан Рафлс, истражувач и собирач на делата на Анри Годје-Бжеска.
Софи напишала голем број верзии на нејзината автобиографија со наслов „Матка“, но ништо, од неа не било објавено до до 2008 година. Книгата „Матка и други записи“ била составена од ракописни листови кои биле заборавени и необјавени. Во еден дел од оваа група литературни творби е и верзијата на „Матка“ во која била опишана нејзината прва средба и нејзиниот живот со Анрии, неговото прифаќање на нејзиното презиме - Годје-Бжеска како и детално опишување за тоа што и се случило веднаш откако Анри Годје-Бжеска бил убиен на фронтот во Франција во 1915 година и нејзините напори да ја организира спомен-изложба на неговите творби, со учеството на пријателите: Т. Е. Хулме, Езра Паунд, Роберт Беван.
Сепак, најважен е нејзиниот богат литературен опус. Брзеска пишувала и на француски и на англиски јазик, а од јазикот, темпото, стилот, се открива шопеновска поетска чувствителнос, нежна е и емотивна. Нејзиното литературно истражување е верно на нејзиниот лик и исклучителниот емоционален интензитет искажан преку специфичен, единствен, уникатен книжевен глас. Нејзиното игнорирање на конвенционалните интерпункциски и стилистички елоквенции ја прават уште пооргинална и сензитивна не само во поетска смисла туку и во книжевно-литературна инвентивност.
Со Анри, живееле во целосна беда, по неговата смрт, севкупната негова ликовна заоставштина останала кај неа. Целосно посветена на нивната врска, таа ги зачувала сите негови дела. Покрај тоа, создала и специфично литературно наследство во кое поетски го воздигнува нивниот творечки заеднички живот. Нејзините ракописи, за среќа останале зачувани а денес се во Универзитетската библиотека Кембриџ, Универзитетот во Есекс и Музеј за ликовни уметности во Орлеан. Во 2008 година биле објавени дел од непрочистените списи на Софи[5],[6].
Подоцнежните години
уредиПодоцна, Брзеска се преселила во Воттон-ундер-Едге во Глостершир во 1916 година.Поради осаменоста и тешкотиите низ кои минувала, како и интензивната непрекината работа, таа потонува во длабока депримираност која предизвикува влошување на нејзиниот поглед кон животот. Како и кон голем број врвни уметници од тој период, нејзината литературна брилјантност е прогонета во 1922 година скоро, како осуда на нејзината посебна личност и била сместена во окружната ментална болница каде што била регистрирана како Софија Сузана Годје.
Смрт
уредиБрзеска починала во Окружната душевна болница, Барнвуд, Глостершир на 17 март 1925 година.
Таа често била во подоцнежните години изоставена од написите и студиите за животот на Анри Годје. Таа неправда по скоро половина век била исправена делумно во филмот Savage Messiah, „Дивиот Месија“ на Кен Расел од 1972 година заснован на книгата на Еде,кој е целосно фокусиран на врската на Софи и Анри , давајќи им еднаква важност во обликувањето на животот на едниот кон другиот. Во филмот ја игра глумицата Дороти Тутин[7].
Значење
уредиАнри бил убиен во Првата светска војна на 23 годишна возраст. Краткиот живот, не била пречка да создаде огромен опус мошне значаен за светската ликовна уметност од почетокот на дваесеттиот век особена во вајарството. Суштинска улога во неговото творештво одиграла Софи и нејзината креативност, разбирање и специфично толкување на симболиката на универзалните појави во животот. Нивното зааедничко живеење покрај љубовната врска било специфична симбиоза на творештвото во една подлабока и посеопфатна симбиоза.
Иако долго време занемарувана, игнорирана, сепак, пред нецела една деценија, откриено е нејзиното литературно творештво кое допрва би требало да биде целосно проучувано, афирмирано со суштинска ревизија.
Софи Бжеска е една од жените на дваесеттиот век која носи длабоки литературни траги и вообичаено како за најголем дел од уметниците на запад, живеела во крајна беда а по смртта на Анри, отфрлена и осамена завршува во лудница, место во кеи биле сместувани сите оние кои не се вклопувале во општествените кодифицирани рамки[8],[9]/
Прв што ја почувствувал нејзината литературна важност бил поетот Езра Паунд.
Софи не е само писател, таа носи и одредена суштинска литературна есенцијалност во која се крие тајната на литературата, начинот на книжевното создавае и важноста за зачувувањето на „човечката приказна“ како единствениот супстрат за негово преживување и спасување, пророчки оставено пред светот кој што почнува да ја разорува суштината на човечкото постоење. Таа е писател кој тајно ги арихвирана смисла скриените значења и тајни на литературата. Напоредно со писателот Фернандо Песоа, Софи е авторот која навлега во тајните на литературата чие скриено значење и суштинско влијание врз луѓето, не е сфатено, нејзиното прогонство во лудница не е случајно, нејзините премолчени дела се клучот кој е пред многу литературни светови, што допрва ќе бидат откривани од литературни автори на дваесетипрвиот век, наспроти сите обезличувања на Литературата без која понатамошниот живот ќе потонува во вистинската колективна лудница.
Нејзината литературна саможртва е патоказ за идните писателите со мисија...
Наводи
уреди- ↑ Sophie Brzeska
- ↑ Sophie Brzeska-Gaudier left a few hundred manuscripts, that were never before published
- ↑ Sophie Brzeska[мртва врска]
- ↑ Ezra Paund
- ↑ Sophie Gaudier Brzeska
- ↑ SOPHIE BRZESKA BY HENRI GAUDIER-BRZESKA
- ↑ Savage Messiah
- ↑ HENRI GAUDIER-BRZESKA: THE PROCESS OF DISCOVERY
- ↑ The anarchist sculptor Henri Gaudier-Brzeska
Извори
уреди- Pound, Ezra, Gaudier-Brzeska: a Memoir. London: John Lane, 1916; rpt. New York: New Directions, 1970 ISBN 0-8112-0527-4 (a memoir of Pound's time with Gaudier-Brzeska, including letters and photos of sculpture)
- "We the Moderns": Gaudier-Brzeska and the Birth of Modern Sculpture. Cambridge: Kettle's Yard, 2007 ISBN 1-904561-22-5 (catalogue of an exhibition of the same name)
Поврзано
уреди- Ede, H. S. Savage Messiah: a biography of the sculptor Henri Gaudier-Brzeska; with new texts by Sebastiano Barassi, Evelyn Silber and Jon Wood. Leeds: Henry Moore Institute, 2011 ISBN 1-905462-34-4