Вишеградски собир

(Пренасочено од Собирот во Вишеград (1335))

Првиот Собир во Вишеград бил собир меѓу чешкиот крал Јован Луксембуршки (чеш. Jan Lucemburský), унгарскиот крал Карло Роберт (унг. Károly Róbert) и полскиот крал Казимир III Велики (пол. Kazimierz III Wielki) во Вишеград (Унгарија), во 1335 година, на кој тие формирале анти-Хабсбуршка алијанса. Трите владетели се согласиле да создадат нови трговски патишта со цел да ја заобиколат Виена и да добијат полесен пристап до другите европски пазари.[1]

На овој собир, исто така, било договорено да сите ја признаат чешката власт над Војводството Шлеска. Чешките кралеви и порано ја држеле оваа област под своја власт, а формално/де јуре имале и превласт над полската круна. Во замена за ова признание, чешкиот крал Јован Луксембуршки се откажал од полската круна, која ја предал на Казимир III, а исто така добил паричен надоместок од 20.000 прашки гроша. На овој начин, војводството Шлеска останало дел од Чешка сè до 1742 година, кога најголем дел од територијата била освоена од страна на Прусија. Оваа територија потоа станала дел од Полска, по Втората светска војна во 1945 година, додека мал дел сѐ уште ѝ припаѓа на Чешка.

Во 1339 година се одржал втор собир, на кој се избирал новиот претстолонаследник на Полска.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Maksimović, Lj., Mihaljčić, R. (1983). Srednji vek i renesansa. Narodna knjiga. Vuk Karadžić. Rad. стр. 222.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди