Снежана Николовска

Снежана Николовскамакедонски поет.[1]

Животопис

уреди

Снежана е родена во 1953 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Од 1987 година живее во Осло, Норвешка. Член на ДПМ од 1997 година. Автор е на книгите: Бура во зеницата (поезија, 1976), Старата чаршија (поезија, 1996), Ранета ведрина (поезија, 1996), Ѕвездено око (поезија, 1996), Пирамида (поезија, 1996), Каменот на светлината (поезија, 1996), Осло (поезија, 1996).

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 183 - 184.