Смрт на Нил (филм од 1978)

„Смрт на Нил“ (англиски: Death on the Nile) — филм на режисерот Џон Гилермин (John Guillermin) од 1978 година, заснован врз истоимениот роман на Агата Кристи од 1937 година, а филмската адаптација ја направил Ентони Шафер (Anthony Shaffer). Главните улоги ги играат: Питер Јустинов (Peter Ustinov), Меги Смит (Maggie Smith), Анџела Ленсбери (Angela Lansbury), Бет Дејвис (Bette Davis), Мија Фароу (Mia Farrow), Џејн Биркин (Jane Birkin), Дејвид Нивен (David Niven), Џорџ Кенеди (George Kennedy) и Џек Ворден (Jack Warden). На 51. доделување на наградите „Оскар“, филмот ја освоил наградата за најдобра костимографија.[1]

Синопсис

уреди

За време на едно луксузно крстарење по Нил, некој ја убива богатата наследничка Линет Риџвеј. За среќа, на бродот се наоѓаат и славниот белгиски детектив Херкул Поаро (го игра Јустинов) и неговиот пријател, полковникот Рејс (го игра Нивен), кои веднаш ја започнуваат истрагата. Меѓутоа, токму кога Поаро ќе ги издвои потенцијалните убијци, некои од осомничените се убиени, што дополнително го отежнува пронаоѓањето на убиецот...

Наводи

уреди