Херкул Поаро
Херкул Поаро — книжевен белгиски детектив, кој го создала Агата Кристи. Заедно со Госпоѓица Марпл, Поаро е еден од најпознатите стари ликови на Агата Кристи и се појавува во 33 новели и 51 расказ, кои биле објавени помеѓу 1920 и 1975 година.
Херкул Поаро | |
---|---|
Прво појавување | Мистериозната афера во Стајлс |
Последно појавување | Завеса |
Создавач | Агата Кристи |
Толкува | Дејвид Суше Питер Устинов Алберт Фини |
Информации | |
Пол | Машки |
Занимање | Приватен детектив · Поранешен пензиониран детектив · Поранешен полицаец |
Религија | Христијанство (Католик) |
Националност | Белгиец |
Поаро е прикажан на екранот, за потребите на филмот и телевизијата, од различни глумци, вклучувајќи ги и Алберт Фини, Питер Устинов, Јан Холм, Тони Рандал, Алфред Молина и Дејвид Суше.
Краток преглед
уредиВлијанија
уредиИмето му е изведено од двајца други книжевни детективи во тоа време: Херкул Попо на Мари Белок Лаундес (Marie Belloc Lowndes' Hercule Popeau) и Господин Поаро на Френк Ховел Еванс (Frank Howel Evans' Monsieur Poiret), пензиониран белгиски полицаец кој живеел во Лондон[1]. Очигледно е влијанието на Артур Конан Дојл врз почетните раскази на Кристи со Поаро. Во Автобиографијата, Кристи признава: „Пишував по теркот на Шерлок Холмс - чуден детектив, со инспектор Јап ко помошник, кој е пак инспириран од детективот на Скотланд Јард – Лестрад[2]. Конан Дојл пак, признава дека своите детективски раскази ги засновал врз моделите на Едгар Алан По и својот лик, Шерлок Холмс, го засновал врз Џозеф Бел, кој, според неговите замисли за рационалност, се потпира на своите „мали, сиви мозочни клетки“ - одлика која е типична и за Поаро . Поаро има и впечатлива сличност со книжевниот детектив на Масон (A. E. W. Mason) – инспекторот на француската безбедност Ханауд, кој првпат се појавил во 1910 година во новелата На вилата Розе, шест, односно десет години пред да излезе првата новела со Поаро.
Поаро на Кристи е Белгиец. За разлика од претходно споменатите модели, ликот на Поаро на Кристи е резултат на нејзиниот прв развој на еден детектив во првата книга напишана во 1926 година (иако објавена во 1920 година). Не само што беше интересна неговата белгиска националност поради окупацијата на Белгија од Германија (што овозможи соодветно објаснување зошто толку обучен детектив нема работа и е достапен за решавање на мистерии на англиско тло), туку и во времето на пишувањето на Кристи, се сметало дека е патриотски да се изразуваат симпатии спрема Белгијците, откако инвазијата на нивната земја го конституираше британското casus belli за влез во Првата светска војна, а британската воена пропаганда го нагласува Насилството врз Белгија.[3]
Популарност
уредиНеговото прво објавено појавување беше во Мистеријата во Стајл (објавена во 1920 година), а последното во Завеса (објавена во 1975 година, една година пред смртта на Кристи). На објавувањето на оваа новела, Поаро беше единствениот книжевен лик кому му беше објавен некролог во Њујорк Тајмс[4][5]; 6. Август, 1975 година „Херкул Поаро е мртов; познатиот белгиски детектив". До 1930 година, Поаро на Агата Кристи беше „неподнослив“, а до 1960 година, тој беше „омразен, бомбастичен, заморен, егоцентричен, мал подлизурко“. Сепак публиката го сакаше, а Кристи одбиваше да го тргне овој лик, тврдејќи дека должност и е да продолжи со тоа што го сака публиката, а тоа што публиката го сакаше беше Поаро.[6]
Изглед и лични атрибути
уредиЕве како капетанот Артур Хастингс за првпат го опишува Поаро: „Тој беше едвај повеќе од пет стапки и четири сантиметри висок, ама имаше голема гордост. Главата му беше како во форма на јајце и секогаш ја замавнуваше малку на едната страна. Мустаќите му беа многу цврсти и војнички. Дури и сè од неговото лице да беше покриено, мустаќите и розовиот нос ќе му беа видливи.[7]
Педантноста на неговата облека беше речиси неверојатна; мислам дека дамка од прашина би му задала поголема болка отколку рана од куршум. Сепак, овој премногу отмен мал човек, кој за жал лошо накривнуваше, во ова време беше еден од најславните членови на белгиската полиција“. Еве како Агата Кристи го опишува Поаро во „Убиство во Ориент Експрес“ на првите страници: „Со чекор што водеше до автомобилот за спиење, одеше млад француски поручник, во раскошна униформа, заедно со мало човече (Херкул Поаро), пригушено до уши, на кое ништо не беше видливо, освен розово носе и две линии од нагоре-закосените мустаќи". Во подоцнежните книги, накривнувањето не се споменува, за што се претпоставува дека било привремена повреда од војната. Поаро има темна коса, која во подоцнежниот дел од животот си ја бојадисува (иако многу од неговите инкарнации на екран се претставени со седа коса) и зелени очи, кои постојано се опишувани дека „блескаат како на мачка“, кога ќе се сети нешто. Почесто се споменувани и неговите кожни чевли, кои често се комични за читателите. Изгледот на Поаро, кој за време на почетокот на неговата кариера се смета за префинет, подоцна е целосно надвор од мода. Помеѓу најзначајните лични атрибути на Поаро е чувствителноста на неговиот стомак: „Авионот се спушти полека. „Мојот стомак,“ помисли Поаро и решително си ги затвори очите“. Тој пати од морска болест, а во „Смрт во облаците“ смета дека неговата воздушна болест го спречила да биде повнимателен во времето на убиството. Поаро е екстремно точен и носи часовник речиси до крајот на својата кариера. Тој е префинет и во врска со своите лични финансии, претпочита да чува банкарска сметка од 444 фунти, 4 шилинзи и 4 пени[8]
Методи
уредиВо „Мистеријата во Стајлс“, Поаро дејствува како прилично конвенционален детектив, кој се заснова врз траги и се потпира на логиката, што е прикажано и во неговиот речник со две фрази: употребата на малите сиви мозочни клетки и „ред и метод’’.[9]
Освен во „Убиство на синџири“, каде тој во најголем дел се заснова на траги, Поаро исмејува детектив соперник, кој се сосредоточува само на традиционалната патека на траги што се основала во детективската проза по примерот на Шерлок Холмс: отпечатоци од нозе, раце и пепел од пура. Од овој аспект, тој себеси се прогласува за психолошки детектив, кој не дејствува со целосно истражување на местото на злосторството, туку со навлегување во природата и на жртвата и на убиецот. Главно за неговото однесување во подоцнежните новели е подвлечената претпоставка дека одредени злосторства можат да ги извршат само одредени типови на луѓе.
Методите на Поаро се засноваат врз разговор со луѓето. Во првите новели, тој често се поистоветува со улогата „Папата Поаро“ , исповедувач, особено на младите жени. Подоцна тој слободно и лаже за да стекне доверба од други ликови, или измислувајќи своја причина за заинтересираност во случајот или извинување за испрашувањето.
Поаро сака и да се појавува како странец и пооттуѓен за луѓето да го потценат. Тој признава: „ Вистина е дека можам да го зборувам точниот граматички англиски. Ама пријателе, да се зборува лош англиски многу е од помош. Ги тера луѓето да те презираат. Тие си велат – странец – дури не може ни да зборува соодветно англиски. Затоа се фалам!“ Англичанец е, вели тој, „човек кој мисли повеќе за себеси, отколку што навистина вреди.‘’
Во подоцнежните новели, Кристи често го користи зборот mountebank (шарлатанствува), кога Поаро е проценет од други ликови како шарлатан или измамник.
Сите овие техники му помагаат на Поаро да ја постигне својата основна цел: „Во долгата трка, без разлика дали е лага или вистина, луѓето се врзани да се откријат...“
Ликови што се среќаваат
уредиАртур Хастингс
уредиХастингс првпат го запознава Поаро за време на годините кога бил приватен детектив во Европа, речиси веднаш откако тие двајца пристигнуваат во Англија. Тој му станува долгогодишен пријател на Поаро и се појавува во многу од новелите и расказите. Поаро го смета Хастингс за кутар приватен детектив, кој не е многу интелигентен, ама сепак е од помош што на свој начин ќе биде измамен од криминалот и што незнаејќи се сопнува од вистината. Хастингс се жени и има четири деца – двајца синови и две ќерки. Мора исто така што се спомне дека Хастингс е човек кој е многу храбар кога патот ќе се отежне, се соочува со смрт наспрема Големата четворка, а поседува и непоколеблива лојалност наспрема Поаро. Меѓутоа, кога е присилен да избере помеѓу Поаро и својата жена во новелата, тој избира да го предаде Поаро на Големата четворка, за тие да не ја мачат и убијат неговата жена. Сепак подоцна, му кажува на Поаро да ја избегне стапицата. Овие двајца се неразделив тим, додека Хастингс не ја запознае Дулче Дувен, убава артистка, двојно помлада од него, и не се омажи со неа. Подоцна тие се преселуваат во Аргентина, оставајќи го Поаро „мноогу несреќен“. Поаро и Хастингс се обединети во „Завеса“ – последниот случај на Поаро, а порано беа обединети во „Убиствата по азбучен ред“ и „Нем сведок“, кога Хастингс пристигнува во Англија по работа.
Ариадна Оливер
уредиДетективот романописец на Агата Кристи, Ариадна Оливер е хумористична карикатура сама по себе. Како и Агата Кристи, таа не го сака детективството, туку е најпозната по пишувањето – во нејзините случаи се наоѓа финскиот приватен детектив Свен Хјерсон. Никогаш не е спомнат нејзиниот сопруг, но знаеме дека таа мрази алкохол и појавување во јавност и има голема страст кон јаболките. Таа има навика постојано да си ја менува фризурата, а секое нејзино појавување е со убава облека и шапки. Има слугинка по име Марија, која спречува јавното обожавање да и’ биде товар на нејзината господарка, ама не прави ништо за да ја спречи таа да не им биде товар на другите. Има објавено над 56 новели и не сака кога луѓето ги менуваат нејзините ликови во приказната. Таа е и единствената во средината на Поаро што има забележано дека „не е вообичаено пет или шест луѓе да бидат во центар на вниманието коага личност Б е убиена, а сите имаат мотив за да ја убијат личноста Б“. Првпат го запознава Поаро во „Отворени карти“ и оттогаш постојано го задева.
Госпоѓица Лемон
уредиСекретарката на Поаро, госпоѓица Фелисити Лемон има малку човечки слабости. Единствените две грешки што ги има направено се грешка при пишување за време на случувањата на Хикори Дикори Док и погрешно пратена електронска пошта за електрична сметка, иако во нејзина одбрана е што била загрижена за чудните настани, кои ја опкружувале нејзината сестра во тоа време. Поаро неа ја опишува како „неверојатно грда и неверојатно ефикасна. Сè што ќе спомнела како вредно за размислување, обично било вредно за размислување.“ Таа е експерт скоро во сè. Некогаш работела за владиниот агент филантроп Паркер Пјун. Дали е ова за време на некое од бројните повлекувања на Поаро или пред таа да влезе во негова служба не е познато. Во Време за Агата Кристи, таа е одиграна од британската глумица Ангела Истерлинг, додека пак во Поаро на Агата Кристи , од Паулина Морган.
Главен инспектор Јап
уредиЈап е инспектор од Скотланд Јард и се појавува во многу раскази, пробувајќи да ги реши случаите на кои работи Поаро. Јап е дружељубив, бучен и понекогаш безобѕирен човек по природа, а неговиот однос со буржоаскиот Белгијанец е еден од најчудните делови од светот на Поаро. Тој го запознал Поаро во Белгија, 1904 година, за време на војната, а подоцна оваа година се пријавил пак во војската за да се фати криминалец познат како баронот Алтара. Тие се среќаваат и во Англија, каде Поаро често му помага на Јап да реши случај за посебни услуги за возврат, кои најчесто се случаи за кои се интересира Поаро.
Животот на Поаро
уредиСемејство и детство
уредиТешко е да се извлече конкретен заклучок за семејството на Поаро, поради фактот што тој често дава неточни информации за себеси или за неговото минато, за да му помогнат да собере информации што се важни за конкретен случај. Во поглавјето 21 од „Убиството на Роџер Акројд“, читаме дека тој зборува за хендикепиран внук - за да дознае за заводите за рехабилитација. Во „Нем сведок“, тој не восхитува со приказните за својата стара мајка инвалид, за да ги испраша локалните медицински сестри. Во „Големата четворка“, Хастингс верува дека се запознава со Ахил Поаро, кој бил попаметниот брат на Поаро. Во оваа прилика, Ахил е всушност самиот Поаро преправен (во поглавје 18 Поаро зборува дека го пратил Ахил „назад во земјата на митовите“), ама ова не покажува сигурно сека Поаро нема брат, па дури и брат наречен Ахил. Можеби имал брат близнак, кој умрел пред многу време во Белгија. Каков било доказ во врска со Поаро, за кој самиот Поаро е извор, воопшто не е веродостоен. Ахил Поаро го споменува и доктор Бартон во „Маките на Херкул“. Овде Поаро наведува дека има брат по име Ахил „само за кратко време“, така што постоењето на неговиот брат не е потврдено ниту од самиот Поаро. Врз основа на тоа дека тој бил активен во полициските сили на Брисел до 1893 година, може да се претпостави дека би е роден во 1870-тите години и би имал околу четириесет години во времето на почетокот на Првата светска војна. Извадок од писмо во „Големата четворка“ доставува можни информации за раѓањето на Поаро и детството во или во близина на градот Спа, Белгија: „Но не отидовме во самиот Спа. Скршнавме од самиот пат и свртевме во стрмните ридови, додека не стигнавме до изолирана бела вила високо на ридот". Строго е укажано дека ова „мирно повлекување во Ардените“ во близина на Спа е домот на Поаро и дека Поаро можеби е роден или пак израснал таму. Од друга страна пак, Поаро работел на тајна задача во тоа време и можеби намерно или несвесно го навлекол Хастингс на погрешен заклучок за неговата поврзаност со оваа област. Ова е целосно нејасно, бидејќи Поаро се смета дека бил стар истоштен човек, дури и во првите новели, а во Автобиографијата Кристи признава дека го замислувала веќе како стар човек во 1920 година. (Во тоа време, секако, таа немала поим дека ќе продолжи да пишува книги со Поаро уште многу декади). Поаро е римо-католик по раѓање и го задржува силното чувство на католички морал понатаму во животот. Не се знае повеќе за детството на Поаро од тоа што еднаш во „Трагедија во три чина“ спомнал дека потекнува од големо семејство со малку пари. Во „Однесено во поплавата“ тврди дека дадилки го израснале и школувале, зголемувајќи ја можноста дека тој (и другите браќа и сестри ако ги имал) биле сирачиња.
Годините на Поаро во полицијата
уреди„Густав не е полицаец. Сум се справувал со полицајци цел живот и знам. Може да помине како детектив кај лаик, но не кај човек кој и самиот бил полицаец“ – Херкул Поаро, 1940 година. Како млад, Поаро се приклучил на белгиската полиција. Многу малку во делото на Кристи се споменува за овој дел од неговиот живот, ама во „Лавот од Немеан“ (1939 година), самиот Поаро укажува на негов белгиски случај во кој „богат производител ја отрул својата жена за да биде слободен да се ожени со секретарката“. Не знаеме дали овој случај успешно завршил или не, Поаро може и да лаже за да создаде одреден ефект кај личноста на која и’ зборува, така што овој доказ не е веродостоен. Инспекторот Јап дава вовед во кариерата на Поаро со белгиската полиција, кога му го претставува на колега: „Сте ме слушнале да зборувам за господинот Поаро? Во 1904 година работевме заедно на случај. Ах, тоа беа времиња. А се сеќавате ли на баронот Алтара? Никаквец! Им бегаше од контрола на пола од полицијата во Европа. Но го фативме во Антверпен – благодарение на господинот Поаро". Можеби ова е доволен доказ да се претпостави дека полициската кариера на Поаро била успешна. Во краткиот расказ „Чоколадна кутија“ во 1923 година, Поаро му полага сметка на капетанот Артур Хастингс за тоа што го смета за негов единствен неуспех. Поаро признава дека не успеал да реши злосторство „безброј“ пати: „Ме викаа многу доцна. Многу често други луѓе, работејќи на истата задача, стигнуваа први. Двапати бев болен, тому кога бев на работ на успехот." Сепак, тој го смета случајот „Чоколадната кутија", кој се одвивал во 1893 година, за неуспех. Но Поаро не е раскажувач на сопствената историја и нема доказ дека Кристи го отсликува во детали. Во овој период Поаро пукал во човек, кој пукал од покривот во луѓето долу. Поаро се повлекол од белгиската полиција во времето кога го сретнал Хастингс во 1916 година, на случај прикажан во „Мистеријата во Стајлс“. Треба да се забележи дека Поаро е Белгиец што зборува француски, веројатно валонски или бриселски, ама нема прилика во која тој се осврнува кон самиот себеси како таков, или другите кон него во врска со тоа. Во времето на пишувањето, барем во првите книги во кои се дефинирал ликот, не-Белгијците како Агата Кристи, многу помалку биле свесни за разлика од денес за длабоката лингвистичка поделба во белгиското општество, претпоставувајќи дека сите Белгијци зборувале француски.
Кариера како приватен детектив
уреди„Се јавив во просториите на мојот пријател Поаро и го најдов претрупан со работа. Тој беше толку жеден за работа, што секоја богата жена, која ќе изгубеше бразлетна или домашно милениче брзаше да ги добие услугите од големиот Хелкул Поаро." За време на Првата светска војна, Поаро избегал од Белгија во Британија. Дури овде, на 16 јули 1916 година, тој повторно го среќава својот долгогодишен пријател, капетанот Артур Хастингс, и го решава првиот од неговите случаи: „Мистеријата во Стајлс“. По овој случај, очигледно Поаро им влегол во очи на британската тајна служба, и презема случаи за британската влада, вклучувајќи го и спречувањето на испланираното грабнување на премиерот. По војната, Поаро станува слободен агент и прифаќа цивилни случаи. Се преселува во тоа што му станува и дом и канцеларија, адреса 56B Whitehaven Mansions, Charterhouse Square, Smithfield London W1. Местото Поаро го избира по неговата симетрија. Негов прв случај беше „Аферата на Викторијанскиот бал“, со кој Поаро влезе во високото општество и ја започна својата кариера како приватен детектив. Помеѓу двете светски војни, Поаро патува низ Европа и Средниот Исток за да истражува злосторства и убиства. Најголем број од случаите се случиле во овој период, а тој тогаш имал најголема кондиција. Во „Убиство на синџири“ , Белгиецот ги насочува своите сиви клетки наспроти француски убиец. На Средниот Исток лесно решава случаи како што се „Смрт на Нил“ и „Убиство во Месопотамија“, па дури и „Состанок со смртта“. Кога минува низ источна Европа на враќањето, го решава „Убиство во Ориент Експрес“. Меѓутоа, не патува кон америка или Австралија, веројатно поради неговата морска болест. „Она никакво море ме мачи! – ужасно патење!" Во овој период тој ја запозна контесата Вера Росаков, гламурозен крадец на накит. Историјата на контесата, како и онаа на Поаро, е мистерија. Таа тврди дека била член на руската аристократија пред руската револуција и многу патела, ама колку од оваа приказна е вистина е отворено прашање. Дури и Поаро признава дека Росаков раскажала многу различни работи за нејзиниот претходен живот. Подоцна Поаро и’ дозволува да избега од правдата. „Несреќа за мал човек деталист е секогаш да чезнее по голема и отмена жена. Поаро никогаш не бил способен да се оттргне од фаталната восхитеност кон контесата." Иако тоа што и’ дозволил на контесата да избега е морално под знак прашалник, импулсот да ја земе правдата во свои раце е далеку од уникатен. Во „Немеанскиот лав“ , застанал на страната на госпоѓица Ејми Карнаби и ја заштитил од соочување со правдата, поради уценувањето на нејзиниот клиент господин Џозеф Хогинс, кој и самиот бил убиец, а недоволно паметен да не му дозволи на Поаро да го открие тоа. Поаро дури и и’ пратил на госпоѓицата Карнаби двесте фунти отплата, уште пред да заврши кампањата со киднапирањето на нејзиното куче. Во „Убиството на Роџер Акројд“, му дозволува на убиецот да избега од правдата со самоубиство, и се осигурал дека вистината нема никогаш да се дознае за да ги поштеди од болка роднините на убиецот. Во „Авгиеви коњушници“ и’ помага на владата да скрие голема корупција, иако се смета дека почесно би било да се дозволи да се дознае вистината. Во Убиство во Ориент Експрес им дозволува на убијаците да ја избегаат од правдата, откако дознава дека дванаесет различни луѓе ја прободуваат жртвата – господин Речет – во сонот. Ова можеби е затоа што – бидејќи 12 луѓе ја прободеле жртвата, никој не бил сигурен кој го нанел смртоносниот удар. Смислена е лага за да се каже на полицијата и дванаесетте се пуштени на слобода. По случаите на Средниот Исток, Поаро се враќа во Британија. Освен таканаречените „Маки на Херкул“, многу ретко патува во подоцнежната кариера.
Пензионирање
уредиПостојат недоразбирања во врска со повлекувањето на Поаро. Најголем дел од случаите кои ги покрива приватната детективска агенција на Поаро се случуваат пред неговото повлекување, а во тоа време тој го решава Убиството на Роџер Акројд. Се вели дека дванаесетте случаи во „Маките на Херкул“ се однесуваат на друго повлекување, а фактот дека Поаро вели дека планира да се пензионира, укажува дека овие раскази се случуваат пред Роџер Акројд и се претпоставува дека Поаро ја затворил својата агенција откако завршил со нив. Во „Фаќањето на Церберус“ има и специфично споменување на фактот дека има период од дваесет години од претходното среќавање на Поаро со контесата Росаков и сегашното. Ако Маките на Херкул би им претходеле на настаните од Роџер Акројд, тогаш случајот на Роџер Акројд би се одвивал дваесеттина години подоцна од неговото објавување, како и сите други случаи кои се однесуваат на него. Едната можност би била дека на Поаро еднаш не му успеало да се пензионира, туку морал повторно, ама ова самиот Поаро го негира. Во „Еримантиско диво прасе“ , еден лик вели дека бил избркан од Австрија од Нацистите, што укажува дека настаните во „Маките на Херкул“ се одвиваат по 1937 година. Друга можност е дека предговорот на „Маките на Херкул“ се одвивал на еден датум, а новелата целосно била завршена за дваесет години. Ниту едно од објаснувањата не е посебно впечатливо. Во услови на рудиментарна хронологија, Поаро зборува за пензионирање во поглавјето 18 од „Големата четворка“ (1927 година), што оваа новела ја става надвор од објавениот ред, пред Роџер Акројд. Тој одбива да реши случај за Секретаријатот, бидејќи е пензиониран во првото поглавје од „Опасност во куќата на смртта“ (1932 година). Со сигурност е пензиониран во времето на „Трагедија во три чина“ (1935 година), но не ужива во своето повлекување, туку постојано се враќа поради љубопитност. Сепак, тој продолжува да ја ангажира својата секретарка госпоѓица Лемон во случаите прераскажани во „Хикори Дикори Док“ и „Будалштината на мртовецот“ , кои се одвиваат во средината на 1950-тите години. Затоа подобро е да се претпостави дека Кристи не овозможила авторитетна хронологија за пензионирањето на Поаро, но тој би можел да биде или активен детектив, или детектив за консултации, или пензиониран детектив, според потребите на конкретниот случај. Нешто што е доследно во врска со пензионирањето на Поаро е дека неговата слава опаѓа за тоа време, така што во подоцнежните новели тој честопати е разочаран ако ликовите (особено младите ликови) не го познаат него ниту пак неговото име: „Веројатно треба да ви кажам повеќе за себе Мадам. Јас сум Херкул Поаро". Откритието не ја промени положбата на госпоѓа Самерхајес. „Прекрасно име," рече љубезно. „Грчко е, нели?“
По Втората светска војна
уреди„Знам дека тој не е далеку од своето гнездо. Времето кога случаите го носеа од едниот крај на Англија до другиот е минато." Поаро е помалку активен за време на случаите кои се одвиваат на крајот од неговата кариера. Почнувајќи со „Трагедија во три чина“ (1934 година), Кристи за време на воените години усовршила под-жанр на новела со Поаро, во кој самиот детектив во првата третина од новелата е низ периферијата на настаните. Во новелите како што се „Однесено со поплавата“, „По погребот“ и „Хикори Дикори Док“, тој дури и многу малку се среќава, пренесувајќи ја должноста од главен детектив во испрашувањето до спореден лик. Во „Мачка помеѓу гулаби“, појавувањето на Поаро е толку доцна, што едвај се приметува. Дали ова е одраз на неговите години или на фактот дека на Кристи и’ здодеал, тешко е да се процени. Треба да се каже дека Нечесна куќа (1949 година) и Искушение од невиност (1957 година), кои не се новели со Поаро, а би можеле да бидат, претставуваат крајна точка на општото намалување на Поаро во неговиот удел. Кон крајот на неговата кариера станува јасно дека пензионирањето на Поаро не е повеќе фикција. Тој започнува да води неактивен животен стил, во кој проучува познати нерешени случаи од минатото, и читање на детективски новели. Тој дури и пишува книга за мистериозна фантастика, во која се занимава строго со Едгар Алан По и Вилки Колинс. Во отсуство на посоодветна загатка, тој решава споредни домашни едноставни проблеми. Поаро (и под претпоставка, неговиот творец) станува збунет од вулгарноста на следните генерации на млади луѓе. Во „Хикори Дикори Док ", ги истражува сомнителните случувања во студентски хостел, додека во „Трето девојче", тој е принуден да контактира со младинска група од Челзи. Во текот на 60-тите години во кои се бележи раст на дрогата и поп културата, уште еднаш се докажува ама им верува на останатите детективи (особено приватниот детектив господин Гоби), кој му овозможува да дојде до траги, кои самиот не може да ги собере. „Премногу си стар. Никој не ми кажа дека си толку многу стар. Јас не сакам да бидам безобразен но - тоа е тоа. Ти си премногу стар. Навистина ми е жал." Во ова време, има драматични промени во неговите физички одлики, и до времето кога Артур Хастингс се сретне повторно со Поаро во „Завеса“, тој изгледа многу различно од претходните појавувања, ослабен и со очигледно обоена коса.
Смрт
уредиПоаро умира од проблеми со срцето на крајот од Завеса, последниот случај на Поаро, каде тој ги остава амилнитрит таблетите надвор од својот дофат, веројатно од вина, бидејќи тој е принуден да стане убиецот во „Завеса“, иаko за доброто на останатите. На крајот од „Завеса“, откриено е дека Поаро глумел за потребата од инвалидска количка (сакал да ги излаже луѓето да веруваат дека страдал од артритис).
Главни новели
уредиКнигите на Поаро ги носат читателите низ неговиот живот во Англија, од првата книга (Мистеријата во Стајлс), каде тој е бегалец со престој во Стајлс, до последната книга на Поаро (Завеса), каде тој уште еднаш пред смртта го посетува Стајлс. Помеѓу овој период, Поаро разрешува случаи и надвор од Англија, вклучувајќи го неговиот најпознат Убиство во Ориент Експрес (1934 година). Херкул Поаро станува познат со објавувањето на насловот во 1926 година, Убиството на Роџер Акројд, чие изненадувачко решение е контроверзно. Новелата е сѐ уште помеѓу најпознатите од сите детективски новели: Едмунд Вилсон го покажува тоа во насловот на неговата добро позната критика на детективски новели: „Кому му е гајле кој го убил Роџер Акројд?" Освен Роџер Акројд, новелите на Поаро кои имаат добиено најголеми критики се објавени во периодот од 1932-1934 година, вклучувајќи ги и класиките: Убиство во Ориент Експрес, Убиства по азбучен ред (1935 година), Отворени карти (1936 година), Смрт на Нил (1937 година). Последната е проценета од детективот романописец Џон Диксон Кар како една од десетте најголеми новели мистерии на сите времиња. Новелата од 1942 година, Петте Мали Прасиња ( односно „Убиство во Ретроспектива“), во која Поаро истражува убиство извршено пред 16 години, со анализа на различни аспекти од трагедијата, е изведба, која Роберт Барнард - критичар на мистериозни новели ја има прогласено за најдобра од новелите на Агата Кристи..
Портрети
уредиСцена
уредиПрвиот глумец кој го играл Херкул Пуаро е Чарлс Логтон. Во 1928 има настапувано во Алиби, сценарио адаптирано од Мајкл Мортон, од новелата Убиството на Роџер Акројд.
Филм
уредиОстин Тревор
уредиОстин Тревор дебитира во улогата на Поаро на сцена во 1931 година во британскиот филм Алиби. Следни улоги се во Црно кафе и Лордот Едвард умира. Тревор еднаш изјави дека игра во улогите на Поаро, само затоа што може да говори со француски акцент. Лесли С. Хискот ги режира првите два филма, а заедно со Хенри Едвардс третиот.
Алберт Фини
уредиАлберт Фини ја има улогата на Поаро во 1974 година во кино-верзијата на Убиство во Ориент Експрес. Toa беше одлична адаптација на оваа новела. Фини е единствениот глумец кој бил номиниран за академска награда за улогата на Поаро, иако не победи.
Питер Устинов
уредиПитер Устинов ја игра улогата на Поаро шест пати, почнувајќи од Смрт на Нил (1978 година). Репризно оваа улога ја има во Зло под сонцето (1982 година) и Состанок со смртта (1988 година). Повторно настапува како Поаро во следните три филма направени за телевизија : Тринаесет на вечера (1985 година), Будалштината на мртовецот (1986 година) и Убиство во три чина(1986 година). Првиот од нив е заснован на Лордот Едвард умира, и е направен од Warner Brothers. Други значајни улоги се на Феј Данавеј и Дејвид Суше како инспектор Јап. Иронично, Дејвид Суше ја има назначено оваа улога како инспектор Јап за „најлош настап во неговата кариера"
Останати
уреди- Тони Рандал во Убиства по азбучен ред (1965 година). Овој филм наликува повеќе на сатира на Поаро, отколку целосна адаптација, прилично променета од оригиналот. Поголемиот дел од приказната, употребена во сегашно време е адаптирана за комедија, во која Поаро истражува убиства, додека ги избегнува обидите на Хастингс (Роберт Мурли) и полицијата да го изнесат од Англија и да го вратат повторно во Белгија.
- Кенет Брана во Убиство во Ориент Експрес (2017)
Телевизија
уредиДејвид Суше
уредиДејвид Суше започнува како истоимен детектив во Поаро на Агата Кристи во ИТВ сериите од 1989 година, со цел до 2011 година да се снимат сите серии со Поаро
Останати
уреди- Јан Холм, „Убиства по книга“, 1986 година (телевизија)
- Алфред Молина, Убиство во Ориент Експрес, 2001 година (телевизија)
- Анатоли Равикоч, Zagadka Endkhauza (1989 година; заснована врз „Опасност во куќата на смртта")
- Константин Рајкин Neudacha Puaro (2002 година; заснована врз „Убиството на Роџер Акројд“)
- Хајни Гебел (1954 година; адаптација на „Убиство во Ориент Експрес“)
- Хорст Болман, „Црно кафе“ (ТВ - адаптација)
- Mартин Габел (1953 година; адаптација на „Исчезнувањето на господин Давенхајм“)
Анимирани
уредиВо 2004, NHK (Јапонска ТВ мрежа) продуцира 39 анимирани серии со наслов Најголемите детективи на Агата Кристи, Поаро и Марпл, како и серии под истиот наслов, објавени во 2005 година. Сериите се адаптирани на неколку од најдобрите раскази со Поаро и Марпл, започнати со емитување од 4 јули 2004 - 15 мај 2005 година. Сега се прикажува репризно на NHK и останати ТВ мрежи низ Јапонија. Гласот на Поаро го толкува Сатоми Котара, а додека на Госпоѓица Марпл Јачигуса Каору.
Радио
уредиПостојат бројни радио адаптации од расказите со Поаро, неодамна емитувани на BBC радио 4 (и стандардно повторувани на BBC7), под раскажувачство на Џон Мофат. Во 1939 "Играчите на Меркур го драматиризаат „Убиството на Роџер Акројд" на CBS Кемпбел Плејхаус". Во 1945 година, радио серија од 11 епизоди со времетраење од 30 минути, го пренесуваат Поаро од Лондон во Њујорк, со глумецот Харолд Хубер, подобро познат по улогата на полициски офицер, во различни филмови на Чарли Чен.
Пародии и наводи
уредиВо Убиство со смрт од авторот Нил Симонс, Џејмс Коко игра улога со име „Мило Периер" кој е пародија на Поаро. Филмот вклучува пародии на Чарли Чен, Сем Спејд, Ник и Нора Чарлс и Госпоѓица Марпл. Поаро исто така има пародија и во епизода од „Утрински грабеж во Ориент Експрес".
Во епизода од Animaniacs, ликот Јако Варнер е претставен како „Херкул Јако". Се работи за грабеж на дијамант од брод, вклучувајќи повеќе осомничени.
Во филмот Spiceworld, Херкул Поаро (Хју Лари) ја обвинува Ема Бантон за поврзаност со оружје, но откако ќе му се насмевне, Поаро обвинува невин човек за криминално дело.
Во Шерлок Холмс: Разбудениот, Поаро се појавува како младо момче на воз кој ги транспортира Холмс и Ватсон. Холмс му помага момчето со мозаик, а Ватсон му дава совет за користење на „малите сиви мозочни клетки“, создавајќи впечаток дека Поаро тоа првпат таму го слушнал.
Во епизодата Мапети вечерва, Џејсон Александер ја игра улогата на Херкул Поаро, во која Мапети веруваат дека Поаро е лице со супер моќи.
Белгиската пивница „Brasserie Ellezelloise" направи висококвалитетно пиво со назив Херкул, со етикета од ликот на Херкул Пуаро.
Дејв Стоун создава две пародии од Поаро, со име Дупонт. Во првата, Андре Дупонт се појавува како детектив-судија во пародијата со име Dowager Duchess of Ghent. Во втората, Емил Дупонт се појавува во новелата на Бернис Самерфилд, Брод со будали.
Во Англиската верзија од Џеронимо Стилтон-сериите, главниот глумец има пријател со име „Херкул Поаро"
Во анимираната серија Детектив Конан, детективската агениција на Mоури Когоро се наоѓа над Поаро кафулето.
Во израелската серија The Pajamas еден од улогите е грд полицаец со име „Марсел Фуеро" како референца на Поаро( „Поаро" и „Фуеро" се пишуваат исто на еврејски).
Во новогодишното издание на специјалното комедиско шоу во Португалија Crime na Pensão Estrelinha (водено од најдобриот португалски комедијант Херман Џозе), се наоѓа карактер со име „Hércules Pirô ".
Наводи
уреди- ↑ Willis, Chris. „Agatha Christie (1890–1976)“. London Metropolitan University. Посетено на 6 September 2006.
- ↑ Репродуцирано како „Вовед“ во Christie 2013
- ↑ Horace Cornelius Peterson (1968). Propaganda for War. The Campaign Against American Neutrality, 1914–1917. Kennikat. ISBN 9780804603652.
- ↑ „Poirot“. Official Agatha Christie website. Архивирано од изворникот на 12 April 2010. Посетено на 10 June 2013.
- ↑ Lask, Thomas (6 August 1975). „Hercule Poirot is Dead; Famed Belgian Detective; Hercule Poirot, the Detective, Dies“. The New York Times. стр. 1.
- ↑ Willis, Chris (16 July 2001). „Agatha Christie (1890–1976)“. The Literary Encyclopedia. The Literary Dictionary Company. ISSN 1747-678X. Посетено на 10 June 2013.
- ↑ Christie 1939.
- ↑ Christie 2013a.
- ↑ Christie 2004b.
Надворешни врски
уреди- Херкул Поаро (англиски)
- Радио програма со Херкул Поаро од 1945 (англиски)
- Статија за Херкул Поаро Архивирано на 20 мај 2013 г.