Сметачка етика
Сметачја етика или сметачка етика (англиски: computer ethics) — множество на правила за исправно однесување во сметачкиот свет. Употребата на сметачите во денешно време е во пораст, затоа потребно е да постојат правила, или начини на однесување во сметачкиот свет. Сметачката етика се грижи за постоењето на тие правила. Таа ги подучува луѓето како да се однесуваат правилно кога користат сметач. Со зголемување на употребата на сметачите се зголемуваат и бројот на нормите кои ги воведува комјутерската етиката. Таа ни помага да ја зголемиме приватноста при користењето на комјпутерите, да се заштитиме од вирусите, од некоректното користење на софтвер. Постоењето на сметачката етика е сврзано со појавата и развојот на сметачите.Многу луѓе сметаат дека појавата на сметачите може да биде штетна за општеството, не гледајќи ги позитивните страни на постоењето на сметачите.Тие сметале дека на многу работни места на кои работат луѓето, работата ќе ја преземат сметачите.Но, со постоењето на сметачката етика, тие негативни замисли за сметачите ќе се избледат,и луѓето ќе ја имаат вистинската слика за појавата и развојот на сметачите. За сметачката етика направени се многу трудови, сè со цел луѓето да го разберат вистинскиот придонес на сметачите во денешно време. Правилата кои ги дефинира сметачката етика, ни покажуваат како правилно да ги користиме сметачите, и да не правиме прекршоци при работата со нив.Сметачката едукација почнува да се воведува во основните училишта, сè со цел луѓето на време правилно да се информираат за употребата на сметачите, и придонесите од нив. Сметачката етика, ги учи корисниците како да се справуваат со ризиците, и да ја зголемат безбедноста. Корисниците на сметачите треба да имаат предвид дека, и покрај тоа што сметачите работат под строги правила, софтерските програми ги создале луѓето, и тие се замисла на луѓето. [1]
Историја на сметачка етика
уреди1940 - 1970
уредиСметачката етика како наука е основана од страна на Норберт Винер, професор по математика и инженерство на Институтот за технологија во Масачусетс (англиски: MIT), во раните 1940-ти. Науката која ја пропагирал Винер се викала кибернетика. И покрај тоа што ова се случувало во екот на Втората светска војна, Винер предвидел дека кибернетиката искомбинирана со електронски сметачи ќе има огромни општествени и етички импликации; и дека откако војната ќе заврши, светот ќе мине низ втора индустриска револуција, што ќе резултира со многу нови етички предизвици и шанси.[2]
Винер потоа ја објавил својата книга Кибернетика (англиски: Cybernetics ) во која детално ја опишува новата гранка на применета наука. Во неа тој идентификувал општествени и етички резултати од постоењето на електронските сметачи. Тој во 1950 година ја објавил книгата “Човечка употреба на човечките суштества“ (англиски: The Human Use of Human Beings) со која се етаблирал како основач на сметачката етика и покрај тоа што никаде не го употребил тој термин како назив на новата наука. Во оваа книга тој истражувал најразлични етички проблеми кои има најголеми шанси да се создадат со сметачката и информациската технологија. Некои од овие проблеми се важни дури и денес, односно шеесетина години подоцна. Дел од овие теми се: сметачите и безбедноста, сметачите и (не)вработеноста, одговорностите на сметачките професионалци, вештачка интелигенција, сметачите и религијата и многу други важни теми.[3]
Како што често се случува, поради тоа што Норберт Винер бил пред времето и покрај тоа што тој сè уште не знаел дека е всушност основач на нова гранка, многумина од неговите колеги, и луѓето воопшто, го сметале за ексцентричен научник кој многу фантазира. Вистинитоста на тврдењата во неговите книги ќе се остварат дури две децении подоцна.
Напредувањето на новата наука било ставено во мирување сè до дваесетина години подоцна, кога Дон Паркер забележал дека почнале да се случуваат извесни информатички криминални дејства (на пример, ограбување на банка со помош на сметач) и направил кодекс за морал со кој би биле казниви ваквите настани. Овој кодекс бил усвоен. Во следните две-три децении, Паркер пишувал книги и статии и држел говори и работилници за полето на сметачката етика.[3]
1970 - 1980
уредиВо овој период, Јозеф Вајзенбаум, сметачки научник на Институтот за технологија во Масачусетс, испровоциран од реакцијата на околината врз неговиот софтверски симулатор на психијатар по име ELIZA, ја напишал книгата “Сметачката моќ и човечкото мислење” (англиски: Computer Power and Human Reason), која е основна литература на сметачката етика. ELIZA била нападната од страна на неговите колеги кои верувале дека поради неговиот софтвер ќе останат без работа. Книгата на Вајзенбаум, како и неговите говори, инспирирале многу мислители и проекти од полето на сметачката етика.[4]
Терминот “сметачка етика” првпат бил воведен од страна на Волтер Манер, кој забележал дека кога сметачите учествуваат во медицински процедури, се јавуваат нови етички прашања. Тој развил нов курс, на почетокот само експериментале, кој го носел ова име и неколку години подоцна терминот, како и курсот, биле прифатени насекаде. Во овој курс тој нудел материјали за учење, теми за дискусии и многу педагошки совети за универзитетски професори за и тие да го држат истиот курс. Работата на Манер извршила огромно влијание врз понатамошниот развиток на сметачката етика. Тој предизвикал воведување на многу нови курсеви од оваа област, а се здобил и со неколку важни следбеници.[5]
Во овој период не се случиле други поважни настани на полето на сметачката етика. Нејзиниот најважен развој се случил подоцна.
1980 - 1990
уредиВо почетокот на овој период, јавноста во Америка и Европа почнале да ја загрижуваат бројни последици на постапки поврзани со информатичката технологија. Вакви загрижувачки појави биле: криминал извршен со сметач, несреќи предизвикани од паѓање на сметачка машина, напади на приватност податоци преку сметачки бази на податоци и огромни и скапи судски процеси за софтверска сопственост. Во овој период се случила огромна експанзија нна сметачката етика.
Еден од следбениците и помошниците на Манер, Терел Вард Бајнам освен што работел на пропагирањето на сметачката етика како наука, во 1985 година напишал статија во весникот “Метафилозофија” (англиски: Metaphilosophy), по име “Што е сметачката етика?” (англиски: What Is Computer Ethics?), која денес се смета за основна литература за оваа област.[6]
Истата година, Дебра Џонсон го објавила првиот официјален учебник за сметачкатата етика, кој го носи истоимениот назив. Таа ја дефинирала сметачката етика како поле кои ги испитува начините на кои сметачите воведуваат нови морални прашања и дилеми. Интересно е тоа што Дебра Џонсон, и покрај тоа што го следела движењето на Манер, не верувала дека сметачите ќе создадат сосема нови етички проблеми. Тоа резултирало со дискусии меѓу нив двајца. Во овие дискусии Дебра се обидувала да докаже дека сметачите само трансформираат, односно надградуваат стари етички проблеми. Computer ethics</ref>
Од тогаш, полето на сметачката етика се развива многу брзо. Околу 1985 година, почнале да се отвораат истражувачки центри, сметачки курсеви, конференции, да се пишуваат учебници и статии во весници итн. Од истражувачките центри најбитни за иднината на сметачката етика биле оние во Европа и Австралија. Биле развиени и ETHICOMP конференции.[7]
1990 - денес
уредиВо 1990 година, Готербарн го создал Институто за етички истражувања на софтверското инженерство (англиски: Software Engineering Ethics Research Institute ), како дел од Државниот Универзитет во Тенеси. Подоцна, заедно со Сајмон Роџерсон, развил сметачки софтвер кој ќе им помага на поединци, компании и организации во подготовките на етичките анализи и за одредување на веројатни етички влијанија од страна на проектите од областа на софтверското инженерство. Овој софтверски производ се вика SoDIS.[8]
Во 1991 година, Бајнум и Манер ја одржале првата интернационална конференција за сметачката етика, за која многумина сметаа дека е огромен чекор напред во истоименото поле. На оваа конференција мислењата ги споделиле многу филозофи, сметачки професионалци, адвокати, бизнис водачи, владини претставници, новинари и други луѓе од многу важни гранки на општеството. Оваа конференција резултирала со множество материјали за предавања, монографи и видео програми.[8]
Во 1995 започнала втора генерација во развитокот на сметачката етика, која обратила повеќе внимание на практичните активности. На една од ETHICOMP конференциите, Кристина Горњак Кочиковска смело изјавила дека сметачката етика набрзо ќе прејде во глобално развиена етика која ќе биде застапена во секоја култура на планетата. Понатамошните случувања само ја потврдиле нејзината хипотеза. Во 1999 година, Дебра Џонсон се спротивставила на хипотезата со тоа што изјавила дека сметачката етика нема да се развие, туку ќе биде онаа старата етика, но со нов пресврт.[9]
Оваа хипотеза е од големо значење за сметачката етика бидејќи била провокативна и го разбудила интересот за тврдењата на Манер, кои тој ги направил на истата конференција. На оваа конференција, Горњак предвидела дека сметачката етика ќе се развие во нешто многу повеќе од само применета етика, како што било тогаш. Таа смело изјавила дека таа ќе се развие во една глобална етика, прифатена од страна на секоја култура на земјата.[9]
За разлика од хипотезата на Горњак, хипотезата на Џонсон го тврди токму спротивното, иако на прв поглед двете изгледаат идентично.
Тоа значи дека мислителите на ова поле му пружиле на светот две многу различни гледишта за етичката важност и за етичкиот развој на сметачката технологија. Едното гледиште е на Дебра Џонсон, и се заснова на тврдењето дека проблемите кои ги носи информатичката технологија се оние старите, но со некој нов пресврт. За ова гледиште може да се каже дека е конзервативно, бидејќи тврди дека основните етички теории кои се граделе со векови порано, ќе останат нечепнати. Тоа значи дека сметачката етика како посебна гранка од применетата филозофија, ќе исчезне. Другото гледиште е на триото Винер-Манер-Горњак. Овие тројца научници ја гледаат сметачката технологија како револуционерна област. Нивното гледиште се заснова на тврдењето дека луѓето ќе мора да ги преиспитаат основните принципи на етиката, а со тоа и самата дефиниција на човечкиот живот.
Нарушувања на сметачката етика
уредиЛуѓето прават многу нарушувања на етичките правила при убаво користењето на сметач. Тоа се случува поради тоа што луѓето не ги доживуваат тие нарушувања како сериозни. Најголем дел од корисниците на сметач нелегално користат софтвер, или пак користат туѓ сметач без да добијат дозвола за тоа, користат туѓи лозинки. Ниската свесност на луѓето е една од причините за нарушување на етичките правила. За да правилно навлеземе во сметачкиот свет, мора да ги почитуваме етичките правила. Нарушувањата на сметачката етика се зголемуваат со зголемување на бројот на неправилностите кои ги прават корисниците на сметачите. Со зголемување на бројот на сметачките вируси, црви и хакирања, се проширува и сметачкиот криминал, а со тоа се прекршуваат правилата на сметачката етика. Приватноста е една од темите, која сметачката етика ја засега веќе подолго време.Удобноста при користење на комјутерите за чување, пребарување на информации, ја доведуваат приватноста во ризик. Бидејќи колку полесно се чуваат и пребаруваат информациите, толку е и поголема, и полесна можноста за пристап до туѓи информации. Многу прекршувања се поврзани со темата софтверска сопственост. Ричард Сталман и некои други луѓе ја започнаа "Фондацијата за слободен софтвер".Тие сметаат дека сите информации треба да бидат слободни, и сите програми треба да бидат достапни за копирање,учење и модифицирање. Некои луѓе пак тврдат дека дека софтверските компании или програмерите, нема да инвестираат толку месеци во работа, ако таа инвестиција не им се врати во форма на продажба. [10]
Структура
уредиСметачката етика е составена од правила, коишто го диктираат правилниот начин на функционирање во светот на сметачите.
Бројот на овие правила се зголемува, со зголемување на развојот на сметачката технологија. Сите правила од кои е составена сметачката етика, развиваат коректен начин на функционирање на сметачката технологија. Бидејќи сметачката етика ја засегаат повеќе теми, всушност можеме да направиме класификација на правилата. Правилата можеме да ги класифицираме во зависност од тоа, од која тема произлегуваат. Правилата од кои е составена сметачката етика, ни ја даваат точната визија за сметачите, како тие ни помагаат во реалниот свет. Овие правила не спречуваат да гледаме на развојот на сметачите, како конкуренција за преземање на работните места. За да почнат луѓето да ги почитуваат овие правила, тие треба да бидат запознаени со нив. За таа цел, во училиштата треба да се воведе сметачка едукација, која ќе им помогне на корисниците уште од рана возсраст правилно да ги користат сметачите. Сите непочитувања на овие правила, создаваат погрешен начин на пристап во светот на сметачите.
Значење
уредиСметачката етика е многу важен фактор за правилно функционирање во светот на сметачите. Правилата од кои таа е составена треба да ги почитуваат сите корисници на сметачите. Доколку не се почитуваат тие правила ќе се прават многу нарушувања, кои ќе имаат негативни последици за сите кои ги користат сметачите. Сметачката етика разработувајќи ги темите кои неа ја интересираат, им помага на луѓето да создадат правилна визија за сметачите. Погрешните визии за сметачите, можат да доведат до тоа да луѓето добијат еден вид на одбивност кон комјутерите, а со тоа тие самите го спречуваат нивниот развој во светот на сметачите. Со текот на времето, како што технологијата се развива, потребно е дефинирање на нови правила, кои ќе се применуваат понатаму. Без овие правила на сметачката етика, приватноста и безбедноста ќе бидат на многу ниско ниво, а тоа воопшто не им одговара на корисниците на сметачите, бидејќи никој не сака да ја доведе својата приватност и безбедност во ризична состојба. Сите оние кои ги почитуваат правилата на сметачката етика, никогаш нема да направат неправилности, заради кои би биле казнети. Но, за да тие правила се почитуваат мора корисниците да бидат запознаени со нив, и да можат да ги применат. Бидејќи само така развојот на сметачкиот свет ќе се движи во правилната насока, и сите ќе имаме корист од него, а не штети, кои негативно ќе влијаат на нас. Постапките кои при користење на сметач предизвикуваат штети на некои други корисници треба да бидат казнети. Бројот на луѓе кои се занимаваат со сметачката етика сè повеќе се зголемува, со развојот на сметачите. Тие работат на дефинирање на кодекси во сметачката етика, кои треба да се почитуваат од страна на корисниците. Колку побрзо луѓето ќе ги применат овие правила, толку поефикасно ќе биде спречувањето на грешките, и избегнувањето на казните, кои следат доколку се направат тие грешки, односно прекршоци. [11]
Наводи
уреди- ↑ Статиja за сметачка етика Computer Ethics, Посетено на 2012-01-11
- ↑ Статија за сметачката етика Computer and Information Ethics[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 Статија за сметачката етика A very short histoрy of computer ethics[мртва врска]
- ↑ Статија за сметачка и информациска етика Computer and Information Ethics
- ↑ Статија за основни концепти на сметачката етика Computer Ethics: Basic Concepts and Historical Overview, Архивирано од изворникот на 2012-01-27, Посетено на 2012-02-11
- ↑ Сметачка етика Computer ethics
- ↑ Кратка статија за сметачката етика A Very Short History of Computer Ethics
- ↑ 8,0 8,1 Кратка статија за сметачката етика Computer ethics
- ↑ 9,0 9,1 Книга за сметачката етика и професионалните одговорности Computer ethics and professional responsibility
- ↑ Статиja за десетте заповеди на сметачката етика The Ten Commandments of Computer Ethics, Архивирано од изворникот на 2011-07-04, Посетено на 2012-01-11
- ↑ Статиja за вовед во сметачка етика Introduction to Computer Ethics, Архивирано од изворникот на 2012-01-24, Посетено на 2012-01-24