Слободан „Пива“ Ивковиќ (Белград, 4 август 1937 - Белград, 28 септември 1995) бил југословенски и српски кошаркар и кошаркарски тренер.

Како тренер, Ивковиќ ги водел Раднички Белград, ОКК Белград и МЗТ Скопје, како и клубови од Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Неговиот помлад брат Душан Ивковиќ е исто така познат кошаркарски тренер.

Играчка кариера

уреди

Ивковиќ играл кошарка за сениорскиот тим на Раднички и ОКК Београд. Бил талентиран играч со добри физички предиспозиции, но никој не успеал да го стабилизира како играч. Покрај тоа, тој имал слаб вид, што бил сериозен проблем бидејќи многу игри во тоа време се играле на отворено навечер.[1]

Тренерска кариера

уреди

Тренерската кариера ја започнал на 30 години во тогаш моќниот ОКК Белград. Тој продолжил да освојува трофеи со ОКК Белград. Потоа од Црвениот крст станал тренер на Раднички. Како тренер, тој бил визионер и многу храбар. Сепак, до крајот на 60-тите тоа не му донело задоволителни резултати. Сепак, во раните 70-ти, коцките полека се склопувале. Го донел Милун Маровиќ во Раднички, кога билепуштени гимназиите во Земун, за по Раднички да стане врвен центар, па дури и репрезентативец. Уште подобар пример било доведувањето на Милован Тасиќ, кој имал само висина поради неговата предиспозиција за кошарка, а Слободан го направил и центар достоен за шампионска екипа. А потоа дошол историскиот успех на Раднички кога во сезоната 1972/1973 година станал шампион на Југославија. Иако тој тим не важел за фаворит, успеал да дојде до титулата во претпоследното коло од таа сезона, со победа против Босна. Во истата сезона, јуниорите на Рданички станале и шампиони на Југославија, а ги предводел Душан Ивковиќ. Веќе во следната сезона со Раднички, тој успеал да стигне до полуфиналето на тогашниот Куп на шампионите, но италијанскиот Варезе бил премногу силен. Освојувањето на Купот на Југославија во 1976 година исто така бил голем успех. 1977 година успеал да стигне до финалето на Купот на победниците на куповите. Извесен период бил и селектор на југословенската репрезентација.

Тој бил еден од првите југословенски тренери што тргнал на училиште во САД, каде што учел од познатиот американски тренер Џон Вуден. Посветувал многу внимание на секој детал и барал совршенство од своите играчи. Успешно ја продолжил школата за кошарка на Николиќ и Жеравица. Често изнудувал контранапади со по четворица играчи.[2] Затоа тимовите што ги водел одиграле прекрасно и токму онака како што сакал, а титулите и трофеите биле споредна цел.

Друго

уреди

Основач е на Здружението на кошаркарски тренери на Југославија. Неговиот брат Душан Ивковиќ е исто така многу познат кошаркарски тренер.[1] Ивковиќ е братучед на Никола Тесла, бидејќи мајката на Тесла, Георгина Тесла била сестра на прадедото на Ивковиќ, Тривун Мандиќ, татко на неговата баба Олга.[1][3] Во негова чест денеска во Белград се одржува меморијален турнир во организација на кошаркарскиот клуб Раднички.[4]

Како млад, тој посетувал музичко училиште каде свирел на виолина. Подоцна како тренер бил страстен гулабар.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Душан Ивковић-свугде носим свој крст“. www.b92.net. 19 ноември 2008. Посетено на 28 септември 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Сећање на Џејмса Дина Црвеног крста“. Политика. 14 октомври 2007. Посетено на 28 септември 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. Јовица Кртинић: Порекло Душана Дуде Ивковића (Порекло, 16. септембар 2021)
  4. „Меморијални турнир Слободан ива Ивковић овог викенда на Црвеном крсту“. Блиц. 23 септември 2015. Архивирано од изворникот на 29 септември 2015. Посетено на 27 септември 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди