Слободан Бештиќ
Слободан Бештиќ (27 март 1964, Панчево, Србија, Југославија) е српски глумец.
Дипломирал на Факултет за драмски уметности 1987 година во класа на професор Предраг Бајчетиќ. Вработен бил во Југословенски драмски театар од 1987 до 2001 година кога преминал во Народен театар во Белград каде и сега е во активен работен однос.
Педагошка работа
уреди- Предавал глума и сценско движење на Факултет за драмска уметност во Белград и во БК Академија.
- Асистент проф. Ферид Караица на предмет за движење од 1991 до 1998 г.
- Професор на сценското движење на БК Академија во 1998 и 1999 г.
- Асистент на Мирјана Карановиќ, БК Академија, предмет-глума, од 1995 до 1999 г.
- Асистент проф. на Предраг Бајчетиќ, ФДУ Белград, предмет - глума, 2000 и 2001 г.
- Професор на сценските движења, ФДУ Цетиње 2004 и 2005 г.
- Професор на движења на Уметничката академија во Осијек, насока - глумец куклар, 2004 и 2005 г.
Награди и признанија
уреди- Награда за најдобар млад глумец во улога на Мориц во Будење на пролетта, МЕС, Сараево 1987 г.
- Специјална награда за најуспешнено истражување на тетрален јазик, на Мал Стеријин Театар во улога на Вацлав Нижински
- Дебитантска награда на филмски фестивал во Ниш во улога во филмот „Куќа покрај пруга“ на З. Драгоевиќ
- Добитник на европска награда за глума „Гордана Косановиќ“, во улога на Салома
- Награда за најдобра машка улога - Хамлет, југословенски фестивал во Ужице 2004 г.
- Награда за најдобра машка улога, Хорват, Фестивал на класика во Вршац 2006 г.
Надворешни врски
уреди- Лично мрежно место Архивирано на 9 февруари 2009 г.