Персевант
Персевант (од старофранцуски: poursuivant = „следбеник“) — ниж грбовен службеник во еден хералдички орган. Највеќето персеванти работат како дел од хералдички орган, како Колегијатот на грбови во Лондон или Судот на Лордот Лајон во Единбург. Во средновековието, многумина моќни благородници вработувале сопствени службеници на грбови. Денес сѐ уште постојат такви приватни службеници кои не работат за државата. На пример, во Шкотска поглаварите на клана имаат вработени персеванти. Овие службеници се занимаваат со работи од хералдичко и генеалошко значење за членовите на кланот.
Некои масонски големи ложи имаат функција наречена „Голем персевант“. Таквите функции постојат во големи, но не и во локални ложи. Големиот персевант ги има следниве должности: да ги најавува сите оние кои поднеле барање за пристапување во големата ложа по име и масонски титули; да ги чува обележјата и регалиите на големата ложа; да присуствува на сите средби, и да извршува други такви должности кои може да ги побара големиот мајстор или претседавачот.
Во Република Македонија службата која се занимава со хералдика е Македонското хералдичко здружение. На нејзино чело стои хералдот Јован Јоновски, и во своја служба има двајца персеванти: Петар Гајдов и Александар Гижаровски.[1]
Државни персеванти
уредиАнглиски редовни персеванти
уредиАнглиски вонредни пресеванти
уредиШкотски редовни персеванти
уреди- Персевант Бјут
- Персевант Карик
- Персевант Дингвол
- Персевант Кинтајр
- Персевант Ормонд
- Персевант Еднорог
Шкотски вонредни персеванти
уредиВелшки редовни персеванти
уредиПриватно назначени персеванти
уредиМакедонски персеванти
уредиПоврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Македонско хералдичко здружение (македонски)
- Суд на Лордот Лајон Архивирано на 7 јуни 2014 г. (англиски)
- Колегијат на грбови (англиски)
- Канадски хералдички орган Архивирано на 10 март 2007 г. (англиски)
- Служба на Главниот хералд на Ирска Архивирано на 16 август 2007 г. (англиски)