Дреновска Река (Егејска Македонија)
Дреновска Река — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Рулска Река (Желевска Река), овде сметана за Бистрица.
Дреновска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Костурско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Вич, кај СЦ „Бигла“ |
• координати | 40°45′09″N 21°16′15″E / 40.7526° СГШ; 21.2709° ИГД |
Устие | |
• место | Рулска Река југозападно од Дреновени |
• координати | 40°36′28″N 21°11′32″E / 40.6079° СГШ; 21.1921° ИГД |
Должина | 22,7 км |
Особености на сливот | |
Притоки | |
• леви | Трсенска Река, Мала Река, Бапчорска Река |
Опис
уредиРеката извира во јужното подножје на врвотите Голина (1.918 м) и Бигла (1.931 м) и тече на југ под името Крушенска Река. Ја прима левата притока Трсенска Река и го добива името Голема Река. Кај селото Кономлади ја прима левата притока Мала Река која извира под Чаулчето (1.685 м) и продолжува во јужен правец под името Кономладска Река. Кај Чрновишта ја прима левата притока Бапчорска Река, која извира под врвот Вич. Минува низ селото Дреновени, кое го дели на два дела — Горно и Долно. Се влева во Бистрица во месноста Смеси.[1]
Во минатото водите на реката напојувале четири воденици во Дреновени кои денес се работат.[2]
Во ΧΧΙ век реката често пресушува.[1] Во 2001 г. наполно секнала.[3]