Славе Зорев Попоски ( 1914 во Карбуница, Кичевско1944 во Битола) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Славко Попоски
Роден 1914 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал 1944 година
Битола, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Произлегувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во септември 1944 година во редовите на Петнаесеттата бригада. Како борец учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево. Во една борба со балистите кај селото Зајас бил тешко ранет на 16 ноември 1944 година и пренесен во болницата во Битола каде умрел по кусо боледување.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 101.