Сите луѓе на кралот
Сите луѓе на кралот (англиски: All the King's Men) — американски филм од 1949 година, во режија на Роберт Росен (Robert Rossen), кој е автор и на сценариото, засновано врз истоимениот роман на Роберт Пен Ворен (Robert Penn Warren) од 1946 година. Главните улоги ги толкуваат: Бродерик Крофорд (Broderick Crawford), Џоан Дру (Joanne Dru), Џон Ајрланд (John Ireland), Џон Дерек (John Derek), Мерседес Мекембриџ (Mercedes McCambridge), Шепард Страдвик (Shepperd Strudwick), Кетрин Ворен (Katherine Warren), Ралф Дамке (Ralph Dumke), Ен Сејмур (Anne Seymour), Рејмонд Гринлиф (Raymond Greenleaf) и Флојд Мекајвори (Floyd McEvoy). Филмот бил номиниран за наградите „Оскар“ во седум категории, а победил во три (најдобар филм, најдобра главна машка улога и најдобра споредна женска улога). Романот и филмот се инспириани од политичкиот и животниот пат на гувернерот на Луизијана и сенаторот од Демократската партија, Хју Лонг, кој погинал во атентат во 1935 година. Филмот ефектно го доловува главниот лик кој од чесен човек се претвора во демагог и корумпиран политичар. Станува збор за ангажиран филм кој ги обработува правните и етичките норми во американската политика со освртв врз манипулацијата на гласачите.[2]
„Сите луѓе на кралот“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Роберт Росен |
Продуцент | Роберт Росен |
Сценарист | Роберт Росен Роберт Пен Ворен (роман) |
Главни улоги | Бродрик Крафорд Џон Ирленд Џоен Дру Џон Дерек Мерцедес Мекембриџ |
Музика | Луис Грунберг |
Кинематографија | Бурнет Гафи |
Монтажа | Роберт Периш Ал Кларк |
Дистрибутер | „Columbia Pictures“ |
Премиера | ноември 8 1949 |
Времетраење | 109 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Бруто заработка | $2.4 милиони (ренти во САД)[1] |
Содржина
уредиВили Старк (го игра Крофорд) се кандидира на локалните избори за општински благајник, но тогаш се судира со корумпираните политичари, предводени од Тајни Дафи (го игра Дамке). Веста за тоа доаѓа до уредникот на весникот Кроникл, кој го испраќа новинарот Џек Бурден (го игра Ајрланд) да ги следи настаните. Набргу, Вили е уапсен поради недозволена јавна кампања, неговиот посвоен син Том (го игра Дерек) е претепан, а сопругата Луси (ја игра Сејмур) е отпуштена од работата во училиштето. Меѓутоа, тие непријатни настани нема да го поколебаат Вили, кој почнува да учи со цел да стане адвокат. По една несреќа во училиштето, Вили ја добива поддршката на населението и победува на изборите за гувернер, а подоцна станува и сенатор при што цело време му помага Џек. Откако ќе дојде на власт, Вили се оддалечува од народот и од чесен човек и борец за интересите на сиромашните луѓе се претвора во демагог и корумпиран политичар...
Наводи
уреди- ↑ „Топ Бокс Офис хитови во 1950“, Variety, 3 јануари 1951
- ↑ Svi kraljevi ljudi, američki film (пристапено на 20.11.2023)
Надворешни врски
уреди- Сите луѓе на кралот на Семрежната филмската база на податоци
- Сите луѓе на кралот на филмската база TCM
- Сите луѓе на кралот — AllMovie (англиски)
- Сите луѓе на кралот на Rotten Tomatoes
- Сите луѓе на кралот на „NBC University Theater“: 16 јануари 1949.
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>