Сипаници
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Сипаница (лат. variola или variola vera) e заразна болест својствена за човекот, а ја предизвикуваат два вида вируси на вариола наречени variola vera major и variola vera minor.
Вируси
уредиVariola vera major е попозната како голема или црна сипаница, таа е поопасен вид и предизвикува смрт кај 20-40% од заразените, а кај преживеаните често остава трајни лузни или слепило.
Variola vera minor, претставува поблаг облик што го пренесува вирусот Variolla, family poxviridae. Таа предизвикува смрт само кај 1% од заразените.
Симптоми
уредиПрвичните симптоми се слични на другите вирусни заболувања кои сè уште траат, како што се грип и обична настинка: треска од најмалку 38,3 ° C, болка во мускулите, малаксаност, главоболка и замор. Често се појавувало гадење, повраќање и болки во грбот. Раната продромална фаза обично траела 2-4 дена. До 12-от или 15-от ден, првите видливи лезии - мали црвеникави точки наречени енантема - се појавуваат на мукозните мембрани на устата, јазикот, непцето и грлото, а температурата паѓа на речиси нормална. Овие лезии брзо се зголемуваат и пукаат, ослободувајќи големи количества на вирус во плунката.[1]
Вирусот сипаници имал тенденција да ги напаѓа клетките на кожата, предизвикувајќи карактеристични мозолчиња или макули, поврзани со болеста. На кожата се појавува осип 24-48 часа откако се појавиле лезии на мукозните мембрани. Типично, макулите прво се појавуваат на челото, а потоа брзо се прошируваат на целото лице, проксималните делови на екстремитетите, трупот и на крај до крајните делови на екстремитетите. Процесот трае не повеќе од 24 до 36 часа, по што не се појавуваат нови лезии. Во овој момент, инфекцијата со вариола може да заземе неколку многу различни правци. Периодот на инкубација помеѓу контракцијата и првите очигледни симптоми на болеста бил околу 12 дена.
Последици
уредиСе претпоставуваа дека во 20 век од сипаници умреле меѓу 300 и 500 милиони луѓе. Во изминатиот период, пред да бидат развиени модерни лекови и вакцини, сипаниците биле многу посмртоносни.
Сепак, најзначајна улога имале по откривањето на Америка, кога домородците од Северна Америка и Јужна Америка дошле во допир со Европејците кои биле инфицирани со вирусот на вариола. За разлика од колонизаторите, домородците немале развиен имунитет, што довело до нагло ширење на болеста и драматичен пад на домородната популација, па на европските колонизатори им бил овозможен лесен и непречен продор во новите подрачја.
Домаќин на вирусот на вариолата е единствено човекот, тако што со напорите на Светската здравствена организација во 1977 година вирусот е искоренет кај човечката популација и денес се наоѓа само во лабораториите. Луѓето веќе не се вакцинираат против овој вирус, но се смета дека тој би можел да се користи како биолошко оружје.
Сипаниците како мотив во популарната култура
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеAFIP
. - ↑ DISCOGS, Fugazi – In On The Kill Taker (пристапено на 21.8.2020)
„Сипаници“ на Ризницата ? |