Симфонија бр. 6 (Чајковски)

Симфонија бр. 6 во б-мол, оп. 74, наречена Патетична — последна симфонија на рускиот композитор Петар Илич Чајковски[1] .

Симфонија бр. 6
од Петар Илич Чајковски
Портретот на Чајковски од Николај Кузнецов, 1893 година
Друг називПатетична симфонија
ТоналитетБ-мол
ОпусОпус 74
ПериодРомантична музика
СочинетоАвгуст 1893
Времетраењеоколу 45 минути
СтавовиЧетири
Нотно изданиеОркестар
Премиерна изведба
Датум28 октомври 1893 по старо 16 октомври
МестоСанкт Петербург
ДиригентПетар Илич Чајковски
Аудио примероци
I. Adagio – Allegro non troppo (17:31)
II. Allegro con grazia (8:16)
III. Allegro molto vivace (9:53)
IV. Finale: Adagio lamentoso (10:19)
„Извадок од четвртиот став на Патетичната симфонија на Петар Чајковски“

„Никогаш не сум напишал ништо поубаво од оваа симфонија, ниту ќе напишам; ја вложив целата своја душа во неа, ако не претерувам“, му се доверил композиторот на својот внук. Тој не згрешил, бидејќи после една недела по нејзината прва изведба, што тој самиот ја диригирал во Петроград на крајот на октомври 1893 починал од колера.

За сè што сакал да каже во оваа последна исповед, композиторот користел музички особености кои на многу начини се разликуваат од традиционалната музичка форма во симфониското творештво.

Воведното adagio со својата тажна и неверојатна меланхолична атмосфера, го носи основното расположение на целото дело. Првата реченица алегро ma non troppo , полна со разни контрасти, што ескалират до драматична тензија, е проследена со оригинално „алегро“ наместо вообичаената бавна реченица, со благодат.

Вториот став е со изобилството од 5/4 ритам со карактеристичниот звук на руските национални мелодии.

Третиот став (наместо скерцо) е брилијантно изработен марш што ескалира до пркосен заклучок.

Финалето е најсилно и најдлабоко во изразот финале. Непоколебливата верба во животот, оптимизмот и спокојството со кое композиторот понекогаш ги завршувал своите дела, и „четвртата“ и „петтата симфонија“, не се наоѓаат во ова дело.

Како да нема повеќе време за надеж, композиторот се предава на длабоката тага. Големата болка и безнадежната тага веќе изразени со темпото - adagio lamentoso - и со воздишки на очај проткаени со andante се одраз на бескрајна депресија.

Сигурно не е без значење што композиторот стави крај на своето животно дело, кое веќе го создаваше во претчувството на претстојната смрт[2] .

„Симфонијата бр. 6 по совет на неговиот брат била и наречена „Патетична“.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • IMSLP2 |work = Symphony No.6, Op.74 (Tchaikovsky, Pyotr) | cname = 6th symphony
  • Tchaikovsky Research