Опус (музика)

број на музичко дело
(Пренасочено од Опус)

Опус (француски: numéro, англиски: opus number, италијански: numero, германски: Opuszahl) – збор кој потекнува од латинскиот јазик и значи дело.

Оригинален нотен запис од Јохан Себастијан Бах: почеток на Прелудиумот од свитата за лејта во G мол BWV 995.
Почетните 32 такта од оригиналниот ракопис од Шопеновата Полонеза во Ас дур, Op. 53, 1842.
Оркестарска партитура од почетоткот на првиот став на Моцартовиот концерт за кларинет и оркестар во A дур, K. 622, напишан во 1791 година за кларинетистот Антон Штедлер.
Оригинален ракопис од Шубертовиот Октет во F дур,
D. 803, компониран во март 1824.
Скица на ракописот од Бетовеновата клавирска Соната No 28, А дур, Оп. 101, Allegro, 1816

Овој поим може да се однесува на книжевност, сликарство, театар, балет, филм, музика и, воопшто, на сите области на уметничкото творештво.

Две значења на опус

уреди

Опус може да има два значења[1]:

1. Поединeчно дело на некој уметник:

На пример: Бетовеновиот Трет клавирски концерт, це мол, опус 37.

2. Целокупно творештво на некој уметник:

На пример: „Целиот уметнички опус на графичарите е многу вреден...", „Неговиот книжевен опус опфаќа комедии, раскази, книжевна и театарска критика."

Во музиката зборот опус исто така има две значења:

1. музичко дело (композиција),
2. целокупно творештво на еден музичар.

Опис на процесот на нумерација на музичките дела

уреди

Композиторите и музиколозите (лицата кои ја проучуваат и пишуваат за музиката) зборот опус (или скратено Оп.)[2] го користат за означување (заради полесен увид) на хронолошки редослед на создавањето на уметничките дела, а понекогаш така се означува и еден период од творештвото на композиторот. Тие со насловот го пишуваат и бројот на опусот. На пример, кога композиторот ја компонира својата прва композиција, ѝ дава наслов и ја означува како „Опус 1" (Оп. 1). Следната композиција би била „Опус 2" (Оп. 2) итн.

Кои се причините за нумерирање на музичките дела

уреди

Овој начин на организациско каталогизирање на музички композиции на еден уметник во голема мера помага и го олеснува увидот во креативниот опус на композиторот и брзото и лесно наоѓање на секој музичар или заинтересирана личност за неговата работа или неговото конкретно дело.

Бетовен напишал многу сонати за пијано. Тој ја напишал сонатата во А-дур „Голем опус 26“ кога бил млад. Многу години подоцна, тој напишал друга соната за пијано (исто така во А-дур), но таа (за да биде поинаква) е Опус 101 (видете го последниот музички пример долу десно).

Историски аспект на нумерирање на музичките дела

уреди

Ознаката Опус почнала да се користи уште од 17 век, па сè до денешен ден. Познато е дека Лудвиг ван Бетовен бил многу систематично ажурен во тоа.

Други нумерирања на музичките дела

уреди

Освен класичната ознака Оп., музиколозите на композициите кои немале ознаки им давале и поинакви нумерации. Прикажани се само некои од најпознатите:

1. L (Alessandro Longo)[7] биле ознаки за композициите на Доменико Скарлати до 1906 година. Ги подготвил Алесандро Лонго.
2. К или Кк (Ralph Kirkpatrick)[8] е нова ознака за композициите на Доменико Скарлати која ја заменила горната каталогизација L во 1953 година од страна на Ралф Керкпатрик.
3. P (Giorgio Pestelli)[9] е нова ознака за композициите на Доменико Скарлати создадена од странана Џорџо Пастели во 1967 година.

Наводи

уреди