Симеон I Цариградски

Симеон I Трапезунтски (грчки: Συμεών Α΄ o Τραπεζούντιος) бил Вселенски патријарх трипати: краток период во 1466,[1] од 1471 до 1475 и од 1482 до 1486. Во 1484 тој претседавал со синодот на Цариград кој го одбил Советот на Фиренца.

Симеон I
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
На службаесента 1466 - крајот на 1466 [1]
крајот на 1471 - почетокот на 1475
април 1482 - есента 1486
ПретходникМарко II [1]
Дионисиј I
Максим III
НаследникДионисиј I [1]
Рафаил I
Нифонт II

Живот

уреди

Симеон се родил помеѓу 1400 и 1420 во благородничко семејство во Трапезунтското Царство.[2] По падот на царството во рацете на Османлиите во 1461, сите благородници од поранешното царство биле приморани од Мехмед II да се преселат во Цариград, а тоа важело и за Симеон, кој веќе бил монарх, па и тој заминал во градот.[3] Трапезунтското благородништво создало одделна група помеѓу Грците во градот, веројатно предводена од научникот и политичар Џорџ Амируц. Оваа група го поддржувала Симеон како свој кандидат за патријаршискиот престол[4] против групата предводена од мирјанските архонти како што е хартофилкасот Џорџ Галезиот и големиот еклезијарх Мануел (идниот патријарх Максим III).[3]

Есента 1466 Симеон успешно го наследил престолот по давањето 2000 парчиња злато како подарок на османлиската влада, со што започнала Симонискaта пракса која ја одбележала историјата на цариградската патријаршија наредните неколку векови.[4] Но тука, нов играч се придружил на трката за престолот: Мара Бранковиќ, ќерка на српскиот деспот Џураџ Бранковиќ и една од маќеите на Мехмед II. Иако Мара била доживотна христијанка, таа била прилично влијателна со Мехмед.[3] Мара била изреволтирана од Симониското дејствување на Симеон и заминала во Цариград за да се пожали кај Мехмед. Како одговор на нејзиното барање и нејзината донација на 2000 златници, султанот го симнал Симеон и го назначил за патријарх кандидатот на Мара, Дионисиј I.[4] Симеон неколку години се пензионирал во манастир близу Стенимахос.

Владеењето на Дионисиј било одбележано со противењето од страна на двете групи, вклучувајќи ја и Симеоновата. Тој бил конечно симнат при крајот на 1471 по лажните клевети дека тој се оддал на исламот и бил обрежан.[5] Потоа Симеон платил 2000 златници и наводно му ветил на султанот дека ќе спречи можно избувнување на анти-османлиски револт во Трабзон и така станал патријарх. Всушност во мај 1472 имало неуспешен обид да се освои градот на чело со Катерино Зени и Алексиј Комнин (внук на Давид Комнин), поддржуван од Узун Хасан.[6] Симеон бил на страната на османлискиот султан и во јуни 1472 тој го симнал од власт митрополитот на Трабзон Панкратиј, кој бил вмешан во бунтот и бил заменет со друг епископ, Доротиј II, поранешен митрополит на Атина, кој бил во подобри односи со Османлиите.[2] Второто владеење на Симеон било одбележано со зголемен долг од 7000 фиорини (италијански монети) и на 10 октомври 1474 светиот синод прифатил да плаќа годишен надоместок од 2000 фиорини на османлиската влада. Како резултат на тоа, зимата 1474 Симеон бил приморан да почне да бара пари.[3] При неговото враќање во Цариград во почетокот на 1475, Симеон бил наддаден од Рафаил I, веројатно поддржуван од Мара Бранковиќ. По една година Рафаил не можел да ја исплати сумата која ја ветил и бил оттргнат од Максим III, предводникот на групата на цариградските благородници.

Максим III починал на 3 април 1482 и Симеон се вратил на престолот по третпат сè до есента 1486, кога бил наследен од Нифонт II. Набрзо потоа Симеон починал, несомнено пред 1488, без да го искаже неговото барање, по неговата смрт имало голема борба за наследување на неговото големо богатство.[2] Највпечатливиот чин на неговото трето и последно владеење бил Цариградскиот собор од 1484.

Спор за редоследот

уреди

Не постои консензус помеѓу научниците во врска со редоследот на првото владеење на Симеон. Многу научници, како Кимин (2009),[7] Рункиман (1985),[4] Грумел (1958)[8] и според владиката Геман Сардејски (1933–8)[9] и Грумел (1958)[8], како и официјалниот портал на Вселенската патријаршија[10] ги прифаќаат хрониките на Доротеј Монемвасиски и го сместуваат владеењето на Симеон I по она на Марко II.

Лорен (1968),[3] поддржан од Подскалски (1988),[11] верува дека судирите со Симеон започнале кога Марко сè уште бил митрополит на Адријанопол и го сместува владеењето на Симеон пред она на Марко. За споредба на главните научни тврдења, погледни го списокот на цариградски патријарси.

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Chronology according to Kiminas (2009). For other proposals see section Disputed Chronology.
  2. 2,0 2,1 2,2 Moustakas Konstantinos. „Symeon I of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 7 August 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Vitalien, Laurent (1968). „Les premiers patriarches de Constantinople sous la domination turque (1454-1476)“. Revue des études byzantines (26): 229-263(241-2, 254-5). doi:10.3406/rebyz.1968.1407.(француски)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 193–4, 200, 228. ISBN 978-0-521-31310-0.
  5. Philippides, Marios (2011). The Siege and the Fall of Constantinople in 1453. Ashgate Pub Co. стр. 83–84. ISBN 978-1-4094-1064-5.
  6. Babinger, Franz (1992). Mehmed the Conqueror and His Time. Princeton: Princeton University Press. стр. 307. ISBN 978-0-691-01078-6.
  7. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37,45. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  8. 8,0 8,1 Grumel, Venance (1958). Traité d'études byzantines, vol. I: La chronologie. Paris: Presses universitaires de France. стр. 437.(француски)
  9. Σάρδεων Γερμανός (1933–38). „Συµβολή εις τους πατριαρχικούς καταλόγους Κωνσταντινουπόλεως από της αλώσεως και εξής“. Ορθοδοξία (8–13).(грчки)
  10. „Symeon I“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 7 August 2011.
  11. Podskalsky, Gerhard (1988). Griechische Theologie in der Zeit der Türkenherrschaft (1453-1821) : die Orthodoxie im Spannungsfeld der nachreformatorischen Konfessionen des Westens. Munchen: C.H. Beck. стр. 398. ISBN 978-3-406-32302-7.(германски)

Надворешни врски

уреди