Марко II Цариградски
Марко II Цариградски (наречен Ксилокарав“ — Вселенски патријарх од 1465 до 1466.[1] Во 1467 тој станал охридски архиепископ, функција која ја извршувал сè до неговата смрт.
Марко II Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Назначен | есента 1465 |
Службата завршила | есента 1466 |
Претходник | Генадиј Схолариј[1] |
Наследник | Симеон I[1] |
Други служби | Охридски архиепископ од 1467 |
Лични податоци | |
Претх. служба | митрополит на Адријанопол |
Живот
уредиГлавниот извор за младоста на Марко е документ од сенатот на Венеција кој датира од 26 јуни 1466, кој налага на венецијанската влада да ги спречи Марко и неговиот татко во случај да се обидат да се засолнат на островот Крит. Од овој докумет научниците, како Лорен,[2] заклучуваат дека всушност во јуни 1466, Марко бил патријарх, дека тој и неговото семејство претходно биле во Крит и дека се противеле на источно-западната унија на црквите основана на Советот на Фиренца и ја поддржувале Венецијанската Република.
Марко станал митрополит на Адријанопол во 1464,[3] и есента 1465 (или почетокот на 1466) тој бил избран за цариградски патријарх со поддршка од мирјанските архонти како што е хартофилкасот Џорџ Галезиот и големиот еклезијарх Мануел (идниот патријарх Максим III), како и секретарот на султанот Деметриј Кириц.[2] Од друга страна познато е дека некои владици одбиле да му оддадат почит за време на божествената литургија, како знак дека тие не го сметале за патријарх, веројатно обвинувајќи го за симонија.
Марко се судирал главно со делот од благородништвото од поранешното Трапезунтско Царство, кое било приморано да се пресели во Истанбул по трапезунтското потпаѓање под Османлиите во 1461. Оваа група имала свој кандидат за патријаршискиот престол, идниот патријарх Симеон I.[4] Симеон успешно го презел престолот, давајќи 2000 парчиња злато како подарок на османлиската влада, со што започнала Симонискaта пракса која ја одбележала историјата на цариградската патријаршија наредните неколку векови.[4] Сепак според Лорен,[2] кој ја сместува патријаршијата на Марко по онаа на Симеон, Марко бил тој кој платил 2000 парчиња злато.
Која и да била причината, Марко бил симнат од престолот со понижување,[5] соочувајќи се со каменување есента 1466 или почетокот на 1467. Сепак тој наскоро се рехабилитирал и бил назначен од султанот Мехмед II како охридски архиепископ.[3] Охридската архиепископија во тоа време била полуавтономен главен религиски центар на Отоманска Бугарија. Датата за смртта на Марко е непозната.
Спор за редоследот
уредиНе постои консензус помеѓу научниците во врска со редоследот на владеењето на Марко II.
Многу научници, како Кимин (2009),[6] Рункиман (1985),[4] Грумел (1958)[7] и според владиката Геман Сардејски (1933–8)[8] и Грумел (1958)[7], како и официјалниот портал на Вселенската патријаршија[5] ги прифаќаат хрониките на Доротеј Монемвасиски и го сместуваат владеењето на Марко II пред Симеон I, и покрај тоа што има мали разлики во предлозите за точниот период на владеење, сепак општо е прифатен периодот од 1465 до 1467.
Лорен (1968),[2] поддржан од Подскалски (1988),[9] верува дека судирите со Симеон започнале кога Марко сè уште бил митрополит на Адријанопол и го сместува владеењето на Симеон пред она на Марко. За споредба на главните научни тврдења, погледни го списокот на цариградски патријарси. Лорен поединечно алудира на втора кратка патријаршија на Марко по првото владеење на Дионисиј I на крајот од 1471 година.
Белешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Chronology according to Kiminas (2009). For other proposals see section Disputed Chronology.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Vitalien, Laurent (1968). „Les premiers patriarches de Constantinople sous la domination turque (1454-1476)“. Revue des études byzantines (26): 229-263(241-2, 254-5). doi:10.3406/rebyz.1968.1407.(француски)
- ↑ 3,0 3,1 Snegarov, Ivan (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, vol 2 (2. изд.). Sofia. стр. 184–6. ISBN 954-430-345-6.(бугарски)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 193–4, 200. ISBN 978-0-521-31310-0.
- ↑ 5,0 5,1 „Mark II“. Ecumenical Patriarchate. Посетено на 24 July 2011.
- ↑ Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37,45. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ 7,0 7,1 Grumel, Venance (1958). Traité d'études byzantines, vol. I: La chronologie. Paris: Presses universitaires de France. стр. 437.(француски)
- ↑ Σάρδεων Γερμανός (1933–38). „Συµβολή εις τους πατριαρχικούς καταλόγους Κωνσταντινουπόλεως από της αλώσεως και εξής“. Ορθοδοξία (8–13).(грчки)
- ↑ Podskalsky, Gerhard (1988). Griechische Theologie in der Zeit der Türkenherrschaft (1453-1821) : die Orthodoxie im Spannungsfeld der nachreformatorischen Konfessionen des Westens. Munchen: C.H. Beck. стр. 398. ISBN 978-3-406-32302-7.(германски)