Сид и Ненси
„Сид и Ненси“ (англиски: Sid & Nancy) е британски биографски филм од 1986 година, во режија на Алекс Кокс (Alex Cox). Главните улоги ги играат: Гери Олдман и Клои Веб. Споредна улога во филмот имаат: Дејвид Хајман, Ксандер Беркли и Кортни Лав.[1] Филмот го прикажува животот на Сид Вишос, басист од панк-рок-групата Секс Пистолс, и неговата деструктивна врска со девојката Ненси Спанџен.
Филмот премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај 1986 година.[2] Иако на кино-благајните не успеал да го поврати буџетот за продукција, филмот бил позитивно примен од повеќето критичари и стекнал култни следбеници.
Содржина
уредиФилмот го прикажува животот на познатиот панкер Сид Вишз (Sid Vicious), член на групата Секс пистолс. Вистинското име на Сид било Џон Сајмон Ричи (John Simon Ritchie), а тој потекнувал од татко-трубач кој ја оставил мајка му уште за време на бременоста. Мајка му на Сид, како припадничка на хипи-движењето, често одела на концерти и на музички фестивали при што со себе го водела и малечкиот син. Тој пораснал во источниот дел на Лондон во кој владееле дрогата и сиромаштијата. Кога имал 15 години го напуштил училиштето, а на седумнаесетгодишна возраст станал еден од најпознатите луѓе во Англија, познат како Сид Вишз (го игра Олдман), член на Секс пистолс. Кога ја запознава Американката Ненси Спанген (ја игра Веб), животот на Сид целосно се менува. Амбициозната Ненси извршила големо влијание врз него и го присилила повеќе да се ангажира и да добие позабележително место во групата. Нивната врска била одбележана со претерана употреба на дрога и алкохол така што морала да заврши трагично.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Сид и Ненси на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Сид и Ненси — AllMovie (англиски)
- Сид и Ненси на филмската база TCM
- Сид и Ненси на Box Office Mojo
- Сид и Ненси на Rotten Tomatoes.