Семјуел Фредерик Греј

Семјуел Фредерик Греј (10 декември 1766 - 12 април 1828) — британски ботаничар, миколог и фармаколог. Тој бил татко на зоолозите Џон Едвард Греј и Џорџ Роберт Греј.

Семјуел Ф. Греј

Заднина

уреди

Тој бил син на Семјуел Греј, лондонски семкар. Тој не добил никакво наследство, и откако не успеал да се квалификува во полето на медицината, тој се префрлил на медицинско и ботаничко пишување. Се оженил со Елизабет Форфејт во 1794 година и се преселил во Волсoл, Стафордшир, каде што основал канцеларија за анализа пред да се пресели назад во Лондон во 1800 година.

Тој основал и свој аптекарски бизнис во Вапинг, кој за жал пропаднал по неколку години. Потоа, се сметало дека се одржувал финансиски со пишување и предавање.[1]

Медицински записи

уреди

Греј ја напишал книгата Додаток на фармакопеја, објавена во 1818 година, со неколку последователни изданија.[2] Во 1819 година, тој станал ко-уредник на Медицинскиот репозиториум во Лондон, на кој придонел многу статии поврзани со медицината, ботаниката и многу други теми. Во 1823, тој ја објавил Елементите на фармацијата, и, во 1828 година, Оперативниот хемичар, двете практични референтни дела.

Природното уредување на британските растенија

уреди

Негово најпознато дело е Природното уредување на британските растенија, објавено во два тома во 1821.[3][4] Авторството е спорно, а неговиот син, Џон Едвард Греј, подоцна тврдел дека тој го завршил најголемиот дел од работата, но тоа не било поддржано од неговиот внук. Самата книга е иновативна, бидејќи е првата британска флора што го употребила природниот систем на класификација на растенијата на Антоан Лоран де Жисје, што е всушност подобрување на вештачката класификација на Линеј. Веројатно поради тоа тој бил слабо прифатен од конзервативните ботаничари од тоа време.

Природното уредување на британските растенија, исто така, вклучува и значителни делови за габи, потоа класифицирани како криптогамични растенија, воведувајќи многу нови родови, вклучувајќи Auriscalpium, Coltricia, Leccinum и Steccherinum, кои и денес се употребуваат.[5]

И покрај признатата номенклатурна важност на книгата денес, таа била запоставена од страна на британските ботаничари по нејзиното објавување, поради „нејзиниот идиосинкразии, антилинески карактер, неортодоксната номенклатура, тесните концепти и современото непријателство кон наводниот автор Р. А. Солсбери“.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Browne, Janet. „Gray, Samuel Frederick“. Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/11353.CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)
  2. Gray, Samuel Frederick (1836). A supplement to the Pharmacopia, and treatise on pharmacology in general : including not only the drugs and preparations used by practitioners of medicine, but also most of those employed in the chemical arts : together with a collection of the most useful medical formulæ ... Gerstein – University of Toronto. London : Longman, Rees, Orme, Brown, Green, and Longman.
  3. Samuel Frederick Gray A natural arrangement of British Plants, according to their relations to each other, Volume 2 (1821) при Гугл книги
  4. Samuel Frederick Gray A natural arrangement of British Plants, according to their relations to each other, Volume 2 (1821) при Гугл книги
  5. „Index Fungorum - Search Page“. www.indexfungorum.org.
  6. Stearn, William T. (1989). „S. F. Gray's "Natural Arrangement of British Plants" (1821)“. Plant Systematics and Evolution. 167 (1): 22–34. doi:10.1007/BF00936544.

Литература

уреди