Џорџ Роберт Греј
Џорџ Роберт Греј (англиски: George Robert Gray; 8 јули 1808 – 6 мај 1872) — англиски зоолог и шеф на орнитолошкото одделение на Британскиот музеј (денес во Природонаучниот музеј) во Лондон четири децении. Бил помлад брат на зоологот Џон Едвард Греј и син на ботаничарот Семјуел Фредерик Греј.
Џорџ Роберт Греј George Robert Gray | |
---|---|
Роден(а) | 8 јули 1808 Мал Челси, Лондон, Англија |
Починал(а) | 6 мај 1872 | (возр. 63)
Полиња | орнитолог, ентомолог |
Установи | Британски музеј |
Познат по | опишал многу видови пеперутки |
Авторска кратенка (зоо.) | G. R. Gray |
Негово најважно научно дело е was his Genera of Birds („Родови птици“, 1844–49), илустрирано од Дејвид Вилијам Мичел и Јозеф Волф, во кое има 46.000 наводи.
Животопис
уредиРоден е во Мал Челси, Лондон, во семејството на природонаучникот Семјуел Фредерик Греј.[1] Се школувал во училиштето „Мерчат Тејлор“.[2]
Во 1831 г. се вработил во Британскиот музеј како помошник-старател на зоолошкото одделение.
Почнал со каталогизација на инсекти и ја објавил во Entomology of Australia („Ентомологија на Австралија“, 1833) и учествувал со ентомолошкиот дел на англиското издание на „Животинско царство“ од Жорж Кивје. Опишал многу видови на пеперуги.
Во 1833 г. го основал здружението кое подоцна прераснало во Кралското ентомолошко друштво.
Во негова чест е наречена птицата Грејово штурче (Locustella fasciolata), чиј изворен опишувач е тој (1860). Првично опишаниот примерок е донесен од Молучките Острови, Индонезија од истакнатиот природонаучник Алфред Расел Волес.
Дела
уреди- The Entomology of Australia („Ентомологија на Австралија“), во серија монографии. Дел I. Монографија за родот Phasma. Лондон.
- 1831 The Zoological Miscellany Zool. Miscell. (1): [1] 1–40
- 1846 Descriptions and Figures of some new Lepidopterous Insects chiefly from Nepal. London, Longman, Brown, Green, and Longmans.
- 1852 Catalogue of Lepidopterous Insects in the British Museum. Part 1. Papilionidae. [1853 Jan], "1852" iii + 84pp., 13pls.
- 1871 A fasciculus of the Birds of China. London, Taylor and Francis.
- со Ричард Боудлер Шарп, The Zoology of the Voyage of HMS Erebus & HMS Terror. Birds of New Zealand., 1875. Преработено издание на Греј (1846) (1875).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Gray, George Robert (1808–1872)“. Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/11337.CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)
- ↑ „The Royal Society, Library and Archive catalogue“. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 2015-04-25.
- ↑ Правилник на Меѓународниот совет за зоолошка номенклатура (англиски)
- Biographies for Birdwatchers, Mearns and Mearns, ISBN 0-12-487422-3
Надворешни врски
уреди„Џорџ Роберт Греј“ на Ризницата ? |
- Монографија за Phasmidae, 1833 Архивирано на 6 мај 2007 г. (англиски)
- Genera of Birds , изд. 1855 (без слики) (англиски)