Селиште II (Ињево)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Селиште II

Карта

Местоположба 41°36′49″N 22°25′40″E / 41.61361° СГШ; 22.42778° ИГД / 41.61361; 22.42778
Основни податоци
Место Ињево
Општина Радовиш
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Селиште IIархеолошко наоѓалиште во радовишкото село Ињево. Претставува средновековна црква и некропола. На 300 метри западно од селото се гледаат остатоци од ѕидови на еднокорабна црква, на кои западниот ѕид со влезот и јужниот ѕид се во височина од 3 до 4 метри. Апсидниот дел бил подоцна изѕидан. На внатрешната страна има траги од фрескоживопис. Југозападно од црквата е пронајдена некропола, делумно уништена.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 328, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069