Селенга
река во Монголија и Русија
(Пренасочено од Селенге (река))
Селенга руски: Селенга́) или Селенге (монголски: Сэлэнгэ мөрөн; бурјатски: Сэлэнгэ гол, Сэлэнгэ мүрэн — важна река во Монголија и Република Бурјатија, Русија. Се образува од реките Идер и Делгер и на крајот се влева во Бајкалското Езеро. Има вкупна должина од 992 км според едни[1][2], а 1.024 км според други извори.[3] Во нејзиното настанување учествува системот Енисеј-Ангара. Има истек од 935 м3/с кој завршува во Бајкалското Езеро, и со тоа сочинува речиси половина од речниот дотек во езерото, образувајќи делта со површина од 680 км2.
Селенга Сэлэнгэ | |
Селенга во Русија
| |
Главен извор | Делгер |
---|---|
Спореден извор | Идер |
Влив на изворите | Олон голин билчир |
- местоположба | Хувсѓол, Монголија |
- координати | 49°15′40″N 100°40′45″E / 49.26111° СГШ; 100.67917° ИГД |
Утока | Бајкалско Езеро |
Должина | 992 км |
Слив | 447.000 км2 |
Истек | во Уст-Кјахта |
- просечен | 284 м3/с |
- максимален | 601 м3/с август |
- минимален | 23 м3/с февруари |
|
Името потекнува од евенскискиот поим селе (железо) и наставката -нга.[4] По реката е наречена и покраината Селенге во северна Монголија. На монголски пак, глаголот селех значи „плива“.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ H. Barthel, Mongolei-Land zwischen Taiga und Wüste, Gotha 1990, стр. 34f
- ↑ „Сэлэнгэ мөрөн“. www.medeelel.mn. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 16 јули 2007.
- ↑ „Селенга“. Голема советска енциклопедија. www.yandex.ru. Архивирано од изворникот на 2020-05-12. Посетено на 5 мај 2009.
- ↑ Е.М. Поспелов, Географические названия Мира, Москва: Русские словари, 1998), стр. 378
Надворешни врски
уреди- Селенга на Ризницата ?
- Селенга — Министерство за природни ресурси на Република Бурјатија (руски)
- Река Селенга Државен воден регистар на Русија (руски)