Св. Васа Солунска
Св. Васа Солунска (понекогаш Воденска) е православна светица од просторите на Македонија[1], која живеела на крајот на 3 и почетокот на 4 век.
Житие
уредиОваа ранохристијанска маченица пострадала за време на римскиот императорМаксимијан (286-308). Според преданијата, таа своите синови Теогнис, Агапиј и Пистус ги воспитувала во духот на христијанството. Мажот ѝ, кој бил пагански жрец, поради тоа ја замразил и ја предал кај локалниот судија. Потоа, императорот го принудил него сам да си ја осуди жената на смрт. Пред нејзините очи, тој ги убил сопствените деца, а таа била жестоко мачена и сечена. Св. Васа најчесто се сврзува со градот Воден, Егејска Македонија во околината на Солун. Таа е насликана во охридската црква „Св. Софија“. Нејзини икони и фрески има во неколку цркви во Македонија, како и во неколку во Пиринскиот дел на Македонија. Македонската православна црква, Св. Васа ја чествува на 3 септември, односно на 21 август по стар стил.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје, 1997
- ↑ „Македонски Православен Календар“. Македониум. Посетено на 2010-07-24.
- ↑ „Верски календар“, Дневник, година XIX, број 5856, четврток, 3 септември 2015, стр. 24.